ПОЖАРСКА Е МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТКИ-ЈУНИОРКИ ВО ДРЖАВАВА

Моделарство

Членката на Воздухопловниот спортски клуб Фил феникс, Анастасија Пожарска е една од петте најдобри спортистки-јуниорки во државава, во изборот на Агенцијата за млади и спорт. Таа е номинирана во друштво со Миа Тодорова (кик-бокс, сребрен медал од Европско), Ива Младеновска (ракомет, МВП на ЕХФ шампионатот во Литванија), Марија Спирковска (борење, златен медал на Медитеранско) и Михаела Алексовска (кошарка, МВП на Челинџ-турнир од ФИБА).

Пожарска во натпреварот за најдобра влегува со одличните резултати од оваа година. Има три први места – златни медали, на Светски куп Трофеј на Прилеп, Светски куп Мостар, на Државното јуниорско првенство во категорија Ф1А. Втори места со сребрени има од Светски куп Македонија и од Светски куп Изет Курталиќ во Мостар. Во генерален пласман од Светскиот куп, објавен од Светската воздухопловна федерација (ФАИ) е на високото 2. место меѓу 50 учесници од светот на кои им успеа да освојат бодови. Повисоко од неа е само претставник од Словачка, а подолу се сите останати ,меѓу кои има од Босна и Херцеговина, Унгарија, Франција, САД, Хрватска, Полска…

Успехот на 16-годишната Анастасија Пожарска не е случаен. Таа е дете од семејство кое има спортисти во моделарството – пилоти, така што присуството на Спортскиот аеродром придонесе со овој спорт да почне да се занимава уште на 10 години. Во изминатите шест години освои многу трофеи, медали со кои го потврдува квалитетот и големиот потенцијал.

Loading