ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (122) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

1. Фрлањето на крст на Водици во реките во близината на црквата Рождество на Богородица во с. Марул

Како што е пренесено од постарите марулски поколенија раскажувачи како се осветила црквата во Марул на 8 септември 1859 година по стариот календар, но во чест за нејзиното осветување, но наредната година во 1860 година за денот Богојавление Водици било одредено во село Марул да се одржи причесна и да се фрли крст во реките во близината на црквата. Селото со голема радост ја прифатило понудата заеднички сите марулци на јужната страна од црквата во реката Ореовска соградиле, препречиле голем вир. После пеанијата и причесната изведена во црквата од новиот млад свештеник Попоски Димитрија од с. Лопатица, прилепско во присуство на многу народ и верниците присутни од црквата попот Димитрија го фрилл крсто во преградениот дел.

Повеќе доброволно млади ергени нарипале, скокнале во вирот за да го извадат фрлениот крст. Лицата кои скокнале да го вадат крстот:

1.Гулабоски Трајчев Стеван;

2.Дамјаноски Стојанче;

3.Јанкоски Јованов Ристе први;

4.Колески Ризов Грујо;

5.Мариев Ристе втори денес Мурџевци;

6.Павлески Трајчев Анѓеле;

7.Танески Бошев Атанас;

8.Танески Наумчев Ристе;

Среќата му се наклонила, припаднала на скокачот Дамјаноски Стојанов Спасе го извадил крстот од вирот во ореовската река. Во чест на извадениот крст од страна таткото Стојан подарил три овци бакчиш како економска помош на црквата. Спасевиот стрико Дамјаноски Ристе патрун притруп клисар во црквата во чест за извадениот крст од страна на внукот Спасе од братот Стојан и подарил бакчиш на црквата еден угич, стерилизиран чукан брав, овен.

Раскажувано од повеќемина постари марулци меѓу кои и Стојаноски Котев Илија 1876 – 1977, внук од брат на Дамјаноски Стојанов Спасе. Пренесено без некој запис. Овој настан се спомнува како јубилеен настан.

После овој настан се имало фрлено уште неколку пати во марулските реки во близина на црквата. Записите се чувале во архивата на црквата. Но, од 1915 – 1918 година германските воени власти црквата ја претвориле во троспратна болница. Сите дотогашни записи, икони, биле исфрлени од црквата.

2. Фрлањето на крстот на денот Богојавление Водици во црквата во село Марул во 1928 година

После Првата светска војна откако селото Марул економски се закрепило и со договорот со мијакот Стаменко од с. Лазарополе кој се пазарил со марулци половина марулскиот синор од Митровден до Ѓурѓовден во годините од 1927 до 1936 со таа идеа марулци се согласиле и со добиените пари марулци го изградиле црквениот трем во трпезаријата во 1927 година.

Со таа величествена чест со градбата на црквениот трем марулци побарале дозвола од митрополијато од Битола да му се одобри на денот Водици во 1928 година во реките во близината на црквата поред причесна да се фрли крст. Откако ја добиле дозволата за причесна и фрлање на крстот Марулци се ангажирале морално и ја препречиле реката од Орев. Направиле голем вир, базент на истото место каде бил сограден вирот во 1860 година на јужната страна од црквата.

Штотуку се зваршила работата со пеанието и причесната свештеникот Борис прилепчанец, презимето засега непознато, дал повик до присутните верници и до сите насобрани сеирџии присутни за оваа верска манифестација од околните села поради тоа било за прв пат после Првата светска војна да се фрла крст во нашите околни краеви интересот бил многу голем. Откако се насобрал народот поред препречениот голем вир свештеникот Борис го фрилил крстот во вирот. Тројцата доброволци за рипање за вадење биле спремни. Верни пријатели и другари уште од детство.

Јанкоски Ѓорчев Богдан (1900 – 1952), Јованоски Талев Тодор (1900 – 1955) и Петрески Велјанов Петре Бабјак (1902 – 1978) скокнаа во вирот со водата за вадење на крстот. Најсреќен бил Тодор Курела, го извадил крстот, му го предал крстот на свештеникот со бакнување рака, си заминал дома за преслекување, ги оставил сеирџиите и свештеникот кај виорот да дискутираат за настанот со фрлањето на крстот.

Бил интересен настан поради за прв пат бил фрлен крст после Првата светска војна на Водици Богојавление во водите на Марул на 18 јануари 1928 година.

3. После Првата светска војна

По втор пат фрлање на крстот во марулските води во 1938 година. По умирањето на поп Борис во 1935 година за нов свештеник негов наследник дошол Смилевски Грујо од с. Добрушево. Во 1938 година за денот Богојавление Водици машки крст ќе се фрла во с. Марул. Жителите од Марул биле на време обавестени. Поради пред две години паднал силен пороен дожд сета земја била однесена требало многу работа за да не си друга земја за да се поправи однесеното место каде порано се фрлал крстот во реката од Орев.

Марулци одлучиле крстот да го фрлаат каде што се прават плитари, вирот прилично е длабок кој се наоѓа на 150 метра запдно од Црквата преку реката од горник. Се тоа било навреме направено. Браздата од горничката река била вратена во вирот и се наполнал површински со преливна водата со длабочина од прилика од 2,5 до 3 метра.

Откако се завршило во црквата со пеанијата и причесната и раздавање задушница свештеникот Смилевски Грујо со крстот в раце и насобраните посетители при фрлањето на крстот. За скокачки за вадење на крстот биле пријавени двајца марулчани, Василоски Стојанов Милан Борачо (1911 – 1987) и Новачески Димитријов Божин (1905 – 1960). Прв скокнал Милан, на прво крстот го нашол ама направил тајнос, како да го нема. Скокнал Божин крстот не го нашол.

Свештеникопт Грујо рекол крстот не смее да остани не пронајден. Почнале да скокаат повеќемина млади марулци Јанкоски Ѓорчев Крсте (1908 – 1985), Колески Крстев Кире (1910 – 1980), Митрески Ристев Јованче (1908 – 1989), Митрески Ристев Степан (1915  – 1980), Ристески Дамјанов Никола (1917 – 1974), Ристески Велјанов Димко (1913 – 2002), Ристески Стојанов Блаже (1911 – 1999), Јанксоки Ристев ладе (1914 – 1988). Кога видел Милан да вирот се наполнил со трагачи на крстот веќе нема место и почнале да се тресат од студот. Милан го извадил крсто од под нозете, му го предал на свештеникот и си заминал дома на преслекување. Исто така си заминале и другите нуркачи на наскиснати алишта и  чевли. Свештеникот Грујо се заблагодарил на нуркачите за нивната пожртвуваност.

Покасно се научило, дознало да Милан ги преварил сите негови другари да нарипаат со се алишта и  чевлите да го бараат крстот. Сето било претворено во смеа. Ете така завршило со крстот во Марул во 1938 година.                 

Продолжува

Loading