НАД 500 ПЕНЗИОНЕРИ СО ВАУЧЕРИ ОД ПО ИЛЈАДА ДЕНАРИ

Пред Нова година        

Околу 500 пензионери со ниски примања од Прилеп, Кривогаштани и од Долнени ќе добијат новогодишни и божикни ваучери од по илјада денари од Здружението на пензионерите. Новогодишниот пакет го имаа семејствата на пениоенрите кои добиваат пензија до 12 000 денари и семејства со двајца и примања до 15 илјади денари.

Здружението последните години отвори четири пензионерски клубови. Два се веќе подготвени, реновирани  и чекаат подобри денови да ги отворат вратите за пензионерите.

Инаку, извршниот и надзорниот одбор евидентираа домаќинско и позитивно работење минатите девет месеци. Органите изразија задоволство што се влијаело на подобрување на социјалната положба на членството преку одредените финансиски инјекции за пензионерите со ниски примања.

Претседателот Славко Трајкоски ги пофали претседателите на 19-те разграноци  за нивното залагање во услови на пандемија.

Во здружението членуваат над 14.500 пензионери.   

Loading