ПАРИ ПЛУС ЗА ЕРАЗМУС ПЛУС

На петтата седница на Советот на општината, советниците го изменија распоредот на средствата на буџетот до крајот на годинава за 7,4 милиони денари. Визираа проширување на средства за 219 илјади денари за проекти за СОУ “Ѓорче Петров” за програмата од ЕРАЗМУС + за 2021 година.

Локалниот парламент именува членови на надзорни органи за контрола на материјалното и финансиското работење на јавните претпријатија и членови на управни одбори. Не помина именувањето на членови во Управниот одбор на ЈОУДГ “Наша Иднина”.

Не се усвоија тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈП за ПУП и ЈП Пазари. Советот иницира контрола над материјалното и финансиското работење на овие јавни претпријатија.

Двајцата советници на Левица сметаат дека е кршење на деловникот неможноста за снимање на седниците на советот во знак на транспарентност и достапност за јавноста, дури и со обезбедување на средства за лица со оштетен вид и глувонеми. Претседавачот Дејан Проданоски објасни дека во тек се барања за донации на средства за техника за обезбедување на преноси во живо на седниците на Советот.  

Loading