СТОМНАРОСКИ ТРЕТ МЕЃУ 46

Пинг-понг

Првиот Мастерс-турнир за сениори, во салата од ОУ ,,Добре Јованоски,,, донесе пријатно изненадување – Антонио Стомнароски. Членот на шампионот Младост не беше меѓу фаворитите, но се качи до 3 место, во конкуренција на 46 пингпонгари од Македонија. Прво успеа да совлада тројца ривали во групата, па преку три елиминациски дуели стигна до финалето, каде загуби од вториот Филип Младеновски. Борбата на ваков тип турнири е за учество на Балканско првенство.

Победник на прилепскиот турнир е актуелниот шампион, Кристијан Станојковски од Крива Паланка.

Loading