ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД МИРКО, ЛИДИЈА И МАРКО ВУЈИСИЌ

Изложба на дела од семејството Вујисиќ ќе биде отворена денеска од 13.30 ч. во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”. Ќ е се претстават Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Марко Вујисиќ.

Според Срѓан Марковиќ, може да се проследат дела од академскиот уметник Мирко, кој имал 23 самостојни изложби со графики цртежи и слики. Добитник е на бројни награди. Создава визуелен исказ врз чувствителен, суптилен колорит во кој се среќаваат и оградуваат спротивностите меѓу автоматскиот принцип на бележење на импулсите и воспоставување на рамниште со длабоки лавиринти во сопственото битие.

Академскиот уметник Лидија Вујисиќ креира цртачка техника во пастел. Го заокружува циклусот “Ние во огледала” со галерија на ликови од сферата на културата, музиката, актерството и ликовната уметност. Лидија имала изложби во земјата и во странство. Добитник е на повеќе признанија.

Според кустосот Сашо Блажески, прецизното уривање на различните скалила на типови на реалност изразени преку високи хроматски температури и композиционалната напрегнатост визави композиционалната смиреност ги бележат примарните ликовни иницијации кај делата на Марко Вујисиќ, кој е графички дизајнер, сликаро, графичар и повремено работи графити и мурали.

Тројцата се членови на ДЛУМ.

Loading