ЛОКАЛНИ ПАРИ ЗА СТРУЈА ОД СОНЦЕ ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО

Кандидатот за градоначалник на Интегра, Зоран Митрески, најавува

За време на сите 30 години од нашето осамостојување сме имале многу можности од Прилеп и Македонија да направиме не само оаза на мирот, туку и оаза на животот.               Со помош на Интегра не е доцна да ги вратиме странските и домашните инвеститори спремни да инвестираат во енергетиката, ИТ технологија, рударство и земјоделство во Прилеп.

Различноста во мојата кандидатура е во тоа што не доаѓам како политичар, туку како менаџер од реалниот сектор кое знаење е многу важно,за да се знае и умее како да се планираат и реализираат нештата од почеток до крај без политички гимнастички флоскули и празни приказни.    Неопходна ни е револуција на свеста за да го ослободиме умот од прангите на мутираните мрачни сили кои не убиваат во секоја смисла по хоризонтала и вертикала.

Доколку го дадете вашиот глас за мојот избор за градоначалник, веднаш почнуваме со подготовка за реализација на:

-Средување на сите комунални недостатоци, современи возила за собирање на отпад, како и надоградување и асфалтирање на локалната патна инфраструктура со дополнителни кружни текови и пешачки/велосипедски патеки.

-За транспарентноста од јавен интерес, ќе се формира локален ТВ канал кој ќе биде надпартиски во служба за објективно информирање на сите граѓани подеднакво.

-Комплетна дигитилизација во сите јавни установи за ефикасно обезбедување на потребните документации без да се напушти домот. Реорганизација на локалната управа и работно време до 19 ч. во интерес за обезбедување на сите потребни документации за кои е неопходно лично присуство на граѓаните.

-Возобновување на централното подрачје и околината на градот со нова свежина со паркови и зеленило за рекреација на сите возрасти.

-Изградба на огромна соларна енергетска зона со голем број на нови вработувања како за време на тековната инсталација на овие системи, така и за техничко одржување после изведбата.

-Можност на секој граѓанин и фирми за кофинансирање во овие соларни системи. Наместо своите заштедени средства да ги уплаќа во комерцијалните банки и секоја година да губи од нивната реална финансиска моќ, ќе им се овозможи исплата и профит на годишно ниво на име дивидента.

-Овозможување на брза постапка во добивање на документација за изведба како за овие системи, така и за сите напредни проекти во интерес на физичките и правните лица од Прилеп.

-Изградба на нови рудници за мермер, гранит, травертин итн. и фабрики за нивни полуфабрикати од светски брендирани фирми, кои ќе обезбедат голем број на нови вработувања.

-Преку фондот за инвестиции и развој формиран од самата локална управа, ќе се овозможи отплата од 1-3 години на соларни системи за физички лица до 50 Књ, инсталирани на своите покривни површини во однос на големината на покривната површина и своите потреби.

-Преку истиот фонд ќе се обезбеди помош за отплата на соларни системи за хидро наводнување во земјоделството со отплата од 1-3 години, како и сите останати потреби на земјоделците.

-Спортскиот аеродром во с. Мало Коњари ќе се надогради, со цел за користење на авиони приспособени за прскање и заштита на земјоделските култури, хемиско распрскување со цел растерување на градобијните облаци, следење на ситуацијата на терен во рано откривање на регионални пожари преку летниот период, како и намена за сите воздухопловни спортски активности.

-Ќе се инсталираат системи за електрични возила во јавниот и приватниот сектор. Овие возила не се апстрактност и илузија, туку неопходна трансформација во сообраќајот која веќе се случува низ целиот свет. Не е точно дека нивната цена е висока и недостижна, таа е дури пониска и од цената по која ги купуваме половните возила од брендираните западноевропски возила на фосилни горива.

-Гасоводот е близу, а сепак далеку од финално приклучување во нашите домови. Во меѓувреме ќе инсталираме централни комбинирани соларно-водородни системи во постоечките парни системи.

-Развој на сите можни спортови и соодветни спортски терени за здраво тело и здрав дух, кој и тоа како денес ни е потребен.

-Реновирање на театарот

-Градба на современи старски домови со паркови според светски критериуми за достоинствен живот во трето доба.

-Уште многу други содржини кои ќе ги реализираме за време на мандатот во корист на секого од нас.

Нашиот живот е само наш и дозволете со заеднички сили и сериозно подржана локална програма да си го повратиме назад.      

-Тоа не зависи од никој друг, туку од самите нас – порачува Митрески.

Loading