ПОЛОВИНА ОД ЧЛЕНАРИНАТА ЗА ЧЛЕНСТВОТО

Здружението на пензионерите не мирува во времето на пандемијата. Секцијата на пензионерките организира неколку екскурзии со не мал одѕив или вкупно пет со почитување на мерките за заштита. Прилеп беше домаќин на регионалните спортски игри и организатор на поетско музичката манифестација за 75 годишнината од пензионерското организирање во Македонија и 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Поради здравствена сигурност, откажан е традиционалниот пикник во Прилепец. Ковид-19 ја одложи традиционалната средба на пензионерите за празникот 11 Октомври.

-Доколку попуштат мерките, ќе ги ставиме во употреба двата нови пензионерски клубови во Бончејца и во Точила. Обновени се просторите и чекаат виза за отворање. Заштедените средства се насочуваат за помош на слабоситуираните членови. На 700 членови во три наврати им се доделени над 1,4 милиони денари. Над 400 болни од Ковид-19 добијаа по две и повеќе илјади денари еднократна парична помош. Заради зголемениот интерес, ќе се коригира финансискиот план за повеќе од 700 илјади денари. Со ребалансот, ќе се доделат преку 2 милиона денари или  скоро половина од членарината што пензионерите ја одделуваат – вели претседателот Славко Трајкоски.

Пред Новогодишните празници ќе се поделат повеќе средства на пензионерите со ниски примања.

Loading