СОВЕТОТ ОТКАЖА ДОНАЦИЈА

На последната седница, советот на општината откажа донација, без прецизно да објасни за која донација станува збор. Советниците дадоа согласност за формирање на паралелки со помалку ученици во прва година во учебната 2021/2022 година во средните училишта и на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во воспитните групи за деца, во ЈОУДГ ,,Наша иднина,,. Визирани се и годишните планови за вработување во дел од јавните претпријатија, јавни општински установи и основни и средни училишта.

Градоначалникот Илија Јованоски се заблагодари за соработката во изминатите 4 години, истакнувајќи дека без разлика што за многу прашања постоеле различни видувања, сепак реализирани се многу проекти.

Loading