ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (112) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Ученичката Јованоска Цветанова Арса Крушкоска прво одделение го заврши во Марул за учебната 1948/49 година. За почетокот на учебната година за второ одделение татко и Јованоски Цветан Крушка фамилијарно се исели во с. Дабјани, прилепско за директор да биди на селскиот колектив во Дабјани поради имаше воен чин поручник стекнат во НОБ.

На неговото испразнето место кај родителите Илија и Петра Крушкоски во Марул фамилијарно се врати нивната ќерека Василка со мажот и Алексо Маркоски и нивните три деца Борис 1941, Верка 1943 и Богоја 1946 од с. Мало Рувци. Малиот Борис го започна второто одделение да го учи во училиштето во с. Марул.

Во таа 1949 година во Марул имаше повеќе значености, имаше селска продавница – коперација. Селото порасна од 32 на 40 домаќинства. Смена на просветниот кадар, наставничката дотогашна си замина Квачкоска Менка, прилепчанка. На нејзиното место дојде за учител Киро Миладинов, исто така прилепчанец со неговата фамилија, сопругата Таса и децата Иванка и Тренчо.

Се делија Трајан Танески во 1942 година, Ристе Танески во 1943, Јован и Цветан во 1947. Јанкоски Ладе во 1947 отиде да живее во дел од Стеваноската куќа, во истата година кај Стевановци му се роди малата Лоза.

Браќата Мурџески Јован и Цветан се делија во ново направената куќа во 1947 година и си зазедоа по половина од куќата. Петрески Ванѓел Бабјак се дели од браќата и родителите и отиде да живее во заедница со Здравески Атанас Чонески. Живееа се додека не ја направи Ванѓел куќата на чајрот во 1948 година. Овие две фамилии се збратимија.

Пред година селото доби ново училиште. За овој десет годишен период во Марул се обучија уште четворица нови музичари, гајдаџии. Велјаноски Благоја поред гајдаџилако свиреше и со гранета – кларинет. Велјаноски Ѓорѓија гајдаџија, Петрески Кристо Бабјак гајдаџија и Петрески Алексо гајдаџија.

Во есента во 1949 година марулчани, марулчанките и марулчанчињата со сиот свој имот влегоа во Колективот. За претседател беше избран Павлески Трајанов Игне. Игне како најпогодна личност беше по тоа што во 1946 година заврши шест месеци курс за административни работи во Битола во организација на државен трошок.

Селото Марул од 1950 до 1960 година

Наставата со новиот учител се одвиваше нормално, со Киро Миладинов. За полугодишниот одмор во месец јануари имаше припремано една драма за од настанот од војната во која се пееше, гробот од Германија, плоча од Бугарија, Гано нас ни караше, еба си ви мамата македонска. Брат ми Трајан беше учесник во таа драма – скеч, името на драмата ми е заборавено. Во пролетта после полугодишниот одмор на учениците му се делеше вештачко млеко во прав и путер жолтеникав во боја. Во таа учебна година 1949/50 беа забележани девојки со поголема возраст, родени во 1935 година кои уште посетуваа школска настава. Тоа беа следните девојки: Јанкоска Драгана, Јанкоска Најденка, Димитријоска Аргида, Стеваноска Илина, Мурџеска Благуна, Мурџеска Марија беа видувани како се повикува и собира за на училиште.

Дојде годишниот распуст за 1949/50 година сите овие горе наведени ученички го завршија основното образование до четврто одделение со потврда добиено свидетелство за четврто одделение, ниту едно од нив не го продолжи и понатака своето образование.

Деца родени во 1943 година запишани за прво одделение за 1950/51 година.

1.Василоски Трајанов Боше Василоски;

2.Велјаноска Ванѓелова Донка Велјаноска;

3.Велјаноска Димкова Спасија Танеска;

4.Велјаноски Орданов Методија Танески;

5.Ѓорѓијоска Дончова Стева Јанкоска;

6.Јованоски Ванѓелов Петре Јоноски;

7.Маркоска Алексова Верка доселена од Рувци;

8.Мојсоски Велев Цветан Колески;

9.Петреска Ванѓелова Петкана Бабјакоска;

10.Ристеска Блажева Грозда Танеска;

11.Ристески Ладев Атанас Јанкоски;

12.Тошеска Божинова Ракида Јолеска;

Во летото пред почетокот на новата школска настава за 1950/51 година Василоски Трајанов Боше се разболе од маларија, треска или пливит, така болеста ја велеа и Боше почина, не седна во школска клупа. Ние тогашните деца убаво Боше го познававме. Често пати имавме средби кај најдоското камено слизгало, се слизгаме, покажуваме способност некои се слизгаме со главата надолу.

Боше со братчето Китан, Борис и Богоја Крушкоски често пати идеа кај Бошевото врсниче Јоноски Атанас за играње. Ние малските деца Ванчо, Ванѓел, Траче, Томе играме сите заеднички игри кај Ледевци.

Кога го носеа на погреб Боше, имаше многу народ. Свештеникот Ванѓел Смилески одеше напред на поворката. Носачи на умрениот Боше одат по свештеникот, беа Котески Ѓорѓија, Јованоски Алексо, Павлески Јованче, Танески Блаже и Котески Петре. Позади жените тажачки, месарицата Василоска Тодорка. Киските од цвеќиња беа товарени во дисаѓите, водач на магарето беше Бошески Борис протуѓерот. Едно магаре беше товарено со кујнски прибор и вреќи со леб, готвената храна, наденат котелот на набодно, го носеа Тодороски Лазар и Јоноски Ванѓел. Водач на магарето со храна беше Котески Илија.

Присутните луѓе за погребот на Боше, ние децата не ги познаваме, него слушаме од зборувањето кои луѓе се тие. Кога го носеа Боше на погреб имаше многу народ. Од нашето маало сите беа излезени за испраќање на Боше. Нас децата, постарите жени ни ставија да држиме боцки или игли од дрвени трње да ги држиме во устите и водата за пеење беше истурена од бардињата и стомните. Се додека поворката со Боше не се одалечи од нас, жените присутни се крстеа, плачеа и ја колнеа пустата болест, маларијата.

Во тие моменти во нашето маало беше со голем пискот. Ванѓелица Јоноска палачи за неодамна умреното нејзино дете Славко.

Илица Дуна Стеваноска плачи за умреното петгодишно дете Ванчо.

Велјаноска Ристејца плачи за убиениот и син војник Ѓорѓија.

Јанкоска Ристејца Петра плачи, коси корни за неодамна и умреното дваесет иседумгодишната и ќерка Алтана која остави две деца сирачиња, Нада и Гоце.

Јанкоска Дончојца Зора плачи за неодамна и умреното дете добиено наследно име од тетка и Алтана.

Јанкоска Илијоска Петрејца Невена тажи, коси си корни за умрениот и син Алексо пред две години војник во загребската воена болница.

Новачевци плачат за отепаниот син, брат и стрике Велко, војник партисан во Прилеп и за неговата ќерќичка, умрената Севда.      

Продолжува

Loading