СО АВСТРИСКА ПОМОШ, ПОДОБРО И ЗА СТАРИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ

Во Домот за стари лица ,,Киро Крстески – Платник,,

Во Домот за стари лица ,,Киро Крстески – Платник”, беа промовирани активностите на Австриското федерално министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите. Директорот на Домот за стари лица, Мики Крстев искажа благодарност за соработката со австриското Министерство, кое во изминативе години резултираше со многу реализирани проекти.

– Изразувам благодарноста што во изминативе две години и покрај Ковид пандемијата, од Австриското федерално министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи и НВО Агро лидер од Кривогаштани, успешно се реализираа неколку проекти. Да ја спомнам тесната соработка со ЕВН Македонија Скопје, која, како општествено одговорна компанија, согледа и се вклучи волонтерски во организацијата. Искрено се надевам на натамошна соработка – посочи Крстев.

Амбасадорот на Австрија во нашата земја, Георг Вуцас изрази почест што е дел од настанот. Проектот беше подготвен и поддржан од аташето за социјални работи. Тој не би бил реализиран без суштинската поддршка од стопанствениците. Австрија и Северна Македонија ги поврзува долгогодишно пријателство.

-Лани славевме 25 години дипломатски односи. Затоа ја потенцирам несебичната поддршка на С.Македонија за влез во ЕУ, а европската интеграција не може да биде завршена без пристапот на Западниот Балкан.  Во време на Ковид, ЕУ почна да доставува вакцини во С.Македонија. Апелирам на населението да се вакцинира. Иднината на Европа зависи од тоа како ќе се избориме со пандемијата. Јужна Европа е добар пример. Во Малта и во Португалија над 80 отсто од населението веќе се имунизира. Се надевам дека овој пример ќе го следи и Северна Македонија – рече австрискиот амбасадор Вуцас.

Sorabotka za podbri uslovi na  korisnicite vo Starskiot dom

– Кој некогаш немал потреба од помош и дали се сеќавате на доброто чувство, како е кога ќе добиете помош и кој од нас не донирал или не укажал помош некому и какво е чувството кога можеш некому да укажеш помош? ЕВН се обиде со волонтерскиот проект токму тоа да го направи. Им даваме можност на 2.000 вработени на еден ден во годината да волонтираат. Така во последните 5 години реализиравме преку 100 проекти – истакна Штефан Петер, извршен директор и претседател на управниот одбор на ЕВН Македонија.

-Меѓу Австрија и Северна Македонија има богата билатерална соработка на проекти во социјалната политика. Во Прилеп има три проекти во тек. Овој проект е од големо значење. Не земаме нешто ново, туку работиме со нешто што го имаме и го надоградуваме. Ја следиме заштитата на животната средина и одлично соработуваме со сите релевантни актери. Целта на овој проект е замената на старите светилки со нови, кои се енергетски лед ламби. Новите лед ламби се купени со финансиска поддршка на Министерство за труд и социјала на Австрија. Монтирани се од соработниците на ЕВН – посочи Харалд Фугер, Аташе на Министерството за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Австрија во Република Северна Македонија.

-Проектните активности на ЛАГ Агро лидер се во соработка со граѓанска организација од Австрија, а со поддршка на Министерството за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Австрија во Република Северна Македонија. Даваме значаен придонес за локалната заедница. Успеавме со еден проект да ги опфатиме и младите и старите лица. На младите им овозможивме поддршка при вработување преку практиканство и коучинг, а на старите им овозможуваме подобри услови и квалитет на живот при сместувањето во Домот за стари лица – истакна Марина Тошеска од НВО ЛАГ Агро лидер.

За градоначалникот Илија Јованоски, соработката е пример како се обединуваат јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заеднички иницијативи насочени кон подобрување на квалитетот на живот на постарите лица, заштита на животната средина и обезбедувањето на можност за вработување на младите.

Postaveni novi led svetilki vo  Domot za stari lica

Loading