НОВИ 50 РАБОТНИ МЕСТА ЗА МЛАДИ

Заедничката компанија на Тутунскиот Комбинат и на Филип Морис во Скопје

Заедничката компанија на Тутунски Комбинат и Филип Морис отворија 50 нови работни места како резултат на иницијативата за реалокација на центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје. Од Скопје ќе се води грижа за корисниците на новите иновативни производи на компанијата во Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Филијалата на контакт центарот за корисничка поддршка во Скопје е дел од светскиот гигант Телеперформанс со преку 380 илјади вработени  во 83 земји. Според премиерот Зоран Заев, тоа е потврда дека стимулативните политики даваат конкретни резултати за компаниите. Ги повика и ги охрабри компаниите да вложуваат, а Владата останува посветена на развојот на бизнис климата во земјата. Тутунскиот Комбинат и Филип Морис Интернешнл вложуваат во иновации и развој, отвораат нови можности за младите во средина карактеристична за големите светски компании. Тоа е можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Точно 50 млади ја почнуваат кариерата во меѓународна компанија што е знак за грижа за задржување на младите во земјава и развојот на компаниите. Тоа е императив за економските политики.

Loading