ПОТПИС ЗА ФЕР ИЗБОРИ

Со ставањето на потписот на Кодексот за фер и демократски локални избори 2021 година, сите учесници во изборниот процес презедоа одговорност дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат кодексот за фер и демократски избори со почитување на основните човекови права и слободи, со што би имало транспарентни, инклузивни и отчетни избори.

Кодексот за фер и демократски избори го потпишаа петте кандидати за градоначалници за локалните избори непосредно пред стартот на изборната кампања.

Loading