ОРДЕНОТ „8.СЕПТЕМВРИ“ И ЗА 7 ПРИЛЕПСКИ ПРАТЕНИЦИ

Стево Пендаровски

Del od pratenicite

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 8 Септември, Денот на независноста, ги одликуваше Стојан Андов, првиот претседател на првото повеќепартиско собрание и пратениците во Собранието на Република Македонија во периодот од 1990 до 1994 година, со Орден ,,8 Септември,,.

Пратениците во Собранието на Република Македонија од 1990 до 1994 година се одликувани со Орден ,,8 Септември,, за донесувањето на државотворните акти и документи кои јасно ја изразуваа вековната желба на македонскиот народ и на останатите етникуми за изградба на самостојна држава.

Практично, Орденот ,,8 Септември,, го добија и пратениците од Прилеп во периодот од 1990 до 1994 година: Од ВМРО-ДПМНЕ: Никола Апостолски, Борко Ѓорчески, Цветан Јовчевски, Петре Трајкоски, Благоја Чкатроски (починат). Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија беше Алил Џафероски, а од Сојузот на реформски сили на Македонија, Симон Наумоски.

На церемонијата присуствуваа Апостолски, Ѓорчески, Јовчевски, Џафероски и Наумоски.

Pratenici od prviot Parlamentaren  sostav

Loading