ПЕТ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ОСУМ СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ

На претстојните локални избори

Петмина кандидати за градоначалник ќе се тркаат на претстојните локални избори на 17 октомври. За советници, граѓаните ќе избираат кандидати од осум листи. 

Од Движењето Одлучно за промени, кандидат за градоначалник е Славе Петрески. СДСМ и коалицијата ,,Најдоброто за мојата општина,, оди со Горан Сугарески. Од Интегра – македонска конзервативна партија, кандидат е Зоран Митрески. Група граѓани го кандидираат Жарко Стеваноски. Од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ,,Обнова на Македонија,, е Борче Јовчески.

Поднесени се 8 листи на советници. Од групата избирачи, носител е Дарко Конески. Од партијата Единствена Македонија, Милан Јовчески. Македонска акција – МААК оди со носителот Крешимир    Здравески. Носител на листата на Движењето Одлучно за промени е Јане Станкоски. Кандидатите за советници од Левица ги предводи Иван Јованоски. Интегра – македонска конзервативна партија за носител го избра Дејан Јанкулоски. СДСМ коалицијата ,,Најдоброто за мојата општина,, оди со Моника Грашеска Илиеска. ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ,,Обнова на Македонија,, за носител го кандидира Дејан Проданоски.

Општинската изборна комисија ги потврди листите за кандидати и советниците, по што ќе се изврши ждрепката.

Кампањата за изборите почнува на 27 септември, а завршува на 15 октомври. Изборите и овој пат, ќе бидат со протоколи за почитување на ковид-19.

Loading