ПРИЛЕПЧАНИТЕ ЈА ОДБРАНИЈА ТИТУЛАТА

Воздухопловно спортско моделарство: Успех на клубот Фил феникс

Modelarstvo

Прилеп ја држи доминацијата во воздухопловното спортско моделарство. На 69 Државно првенство, на Спортскиот аеродром кај Мало Коњари, организаторот Фил феникс е најуспешен во споредба со Охрид, Витачево (Кавадарци) и Скопје. Домаќините се покажаа најумешни во управувањето на моделите во услови на силни термички струења.

Во најпрестижната категорија, Ф1А (едрилици за сениори), прилепскиот тим беше предводен од многукратните прваци, Диме Велкоски и Зоран Велкоски, поддржани од младите Дарко Пожарски, Симона Тошеска, Анастасија Пожарска и Зоран Петрески. Поединечно, Тошеска како второпласирана, а Диме Велкоски како четврти, влегоа во составот на Репрезентацијата на Македонија, во списокот на селекторот Здравко Тодороски. Во јуниорска конкуренција за Ф1А прилепскиот тим најдобар, иако со дебитантите Лука Најдоски, Михаил Пожарски и Марко Крстаноски. Поединечно, Анастасија Пожарска е првак, пред клупскиот другар Петрески. Во Ф1Х за јуниори високопласирани се токму дебитантите, втор Најдоски, трет М. Пожарски. Така, Прилеп е генерален победник, одбранувајќи ја титулата државен шампион, освоена минатата година.

Следат меѓународни предизвици – светските купови во Б и Х, Бугарија и во Прилеп.

Loading