ПОЛИТИЧКИ ФАЈТЕР КОЈ ОБЕДИНУВА

Сугарески – кандидат за градоначалник на СДСМ

Goran Sugareski 1

Прилепчанецот Горан Сугарески од СДСМ ќе биде кандидатот за градоначалник од СДСМ. Поранешниот министер за транспорт и врски ја добил партиската битка за градоначалничката кандидатура со актулениот прв човек на Прилеп Илија Јованоски. Ова било одлучено на состанокот на ЦО на СДСМ. Официјлано е повтрдено на прес конференција.

Инаку, Сугарески својата намера ја обелодени на 9 јули кога на својот ФБ профил напиша дека влегува во демократска трка за кандидат за градоначалник. Се откажа и од директорската функција во Царинската управа. Себе си се нарече политички фајтер. 

По потврдувањето на кандидатурата тој напиша:

-Се заблагодарам за искажаната поддршка, како и на централното раководство на СДСМ за укажаната чест да ја потврди мојата кандидатура за градоначалник на општина Прилеп. Свесен сум дека преземам огромна одговорност и дека влегувам во најважната политичка битка во мојот живот. Доаѓа време кога целото мое искуство, стекнато знаење и вештини, ги посветувам исклучиво на мојот роден град, на Прилеп и на прилепчани. Се соочуваме со предизвикот на претстојните локални избори заедно да оствариме голема и сенародна победа, во која сите ќе се вградиме и со која ќе се гордееме. Борбата за Прилеп секогаш била и ќе биде поголема од партиската, етничката, верската или било која друга припадност. На Град Херој како Прилеп, единствено така и му прилега. Никако поинаку. Јавно се обврзувам дека нема да делам, туку ќе обединувам. Дека немам предрасуди кон никого. Дека ги препознавам и почитувам разликите. Дека искрено ја почитувам конкуренцијата и дека сум подготвен секоја добра идеја да ја интегрирам во мојата изборна Програма. Бидејќи мојата цел е да бидам градоначалник на, без исклучок, сите граѓани на општина Прилеп. Тргнуваме силно и непоколебливо, тимски да ја презентираме нашата визија за уште помодерен и поразвиен Прилеп. Да докажеме дека го имаме клучот за сите проблеми, дека имаме ефикасен систем за грижа на сите граѓани од градот и населените места.  Нашиот заеднички дом ќе го градиме заедно. Заедно ќе го направиме најдоброто за нашата општина – напиша Сугарески на ФБ по верификувањето на кандидатурата за градоначалник.

Loading