БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ НА СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ

Jovceski i Prodansoki na sredbi so  graganite

Заедно со Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски, кандидатот за градоначалник Борче Јовчески на средбите со граѓаните ги слуша нивните проблеми и предлози кои ќе бидат дел од програмата за претстојните локални избори. Според Јовчески, Прилеп заслужува да се развива и тоа ќе биде секако со помош на прилепчани. Смета дека СДСМ за 4 години го уназади Прилеп. Со ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде до развој на економијата, инфраструктурата, инвестициите.

– Изградбата на планираните четири нови кружни текови и растеретувањето на сообраќајот на булеварот, ќе го олесни нормалното функционирањето на жителите и ќе им заштеди време и нервоза. Уредувањето на коритото на градската река е само уште еден предлог и идеа на граѓаните. Да го подобриме квалитетот на животот и намалувањето на ЦО2 преку изградба на фотоволтаични централи на објектите на локалната самоуправа и поставување на систем за т.н. паметно осветлување и платформа за дигитален град. Ќе се погрижам да се средат дивите депонии, но и да се реализира започнатиот проект за фабрика за рециклажа за отпад, кој во време на СДСМ беше стопиран. Граѓаните заслужуваат реновирана стара чаршија со обновени и проширени зелени површини, модерно уреден и функционален пазар како и решенија на проблемите со паркинг, преку субвенционирање да се користат постоечките катни гаражи и да се изградат нови, монтажни – вели Борче Јовчески, кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Најважно било да се задржат младите, нивната креативност и енергија.

Loading