„БУГАРИ СО СИЛА“

ivce1Сретнавме наслов ,, Бугари со сила,, во извесна колумна. Се потсетивме на една слична ситуација одамна. Минаа доста години откако пишуваме во Зенит. Се објавија многу написи. Не се сеќаваме дали сме пишувале нé потсети горниот наслов. Можеби, сме пишувале, но нема да биде голема грешка ако се навратиме повторно. Еве вака. Пред многу години во театарот “Војдан Чернодрински” ја подготвувавме комедијата од Молиер “Сосила лекар”. Бевме собрани повеќемина кога сценографот Васил Костов пишуваше рекламна табла. Се колебаше дали треба да се напише “сосила” како еден збор или пак “насила” одвоено. Ние тврдевме и сугериравме дека треба да биде тоа еден збор. Присутен беше и новинар, прилепчанец, вработен во телевизија во Скопје. Беше таму шеф на некој оддел. Тој тврдеше дека треба да се пишува одделно – “сосила”. Влеговме во полемика.Тој, од позиција на човек кој е новинар и тоа во Скопје, па уште и во телевизијата, па згора на тоа и шеф на некој оддел, самоуверено вели: “Немој мене да ми кажуваш, ене имам двајца лектори”. Меѓу повеќето присутните преовладуваше мислењето дека е точно неговото тврдење. Отитој е вработен во телевизијата, во Скопје. Разменивме уште по неколку зборови кои можеа и навредливо да заприлегаат. Ние лично, требаше да признаеме некаков пораз. Дури ни беше ставена извесна забелешка: “Да не тврдиш за нешто за кое не си сигурен”. Не ни остануваше ништо друго. Велосипедот и право дома. Тогаш уште немавме коли. Во една торба – Правописот, Граматиката и Речникот. Доволен беше само Правописот, но можеби ќе речат дека е тоа техничка грешка, па затоа напомош ги зедовме Граматиката и Речникот. Се поднасобраа сите, се виде дека насловот на комедијата треба да гласи “Сосилалекар”. Со сила се пишува слеано. Односниот новинар се вомјази малку. Вели – “Како јас оваа не сум го знаел досега”! Дојде моментот да му одговориме: “Да не тврдиш нешто, за кое не си сигурен”. Насловот на колумната – “Бугари сосила” е сличен. Што би разбрале ние од овој наслов вака напишан? Дали станува збор за Бугари сосила, кои се силни, кои имаат сила? Точно тоа би се разбрало. Авторот не мислел така. Јасно сакал да каже дека нас, Македонците, некој сака да не направи Бугари сосила. Може да биде и насила. Тоа е смислата на односниот наслов. Тоа е и целта на авторот. А не сме сигурни зошто е напишано вака “Со сила”. Дали така напишал авторот или можеби, интервенирал лекторот. Постојат такви случаи кога од именката во случајов “сила” и од предлогот во случајов “со” се формира прилог “сосила”. Прилог за начин. Па така и тој лекарот во Молиеровата комедија. Тој не бил вистински лекар. Него сосила (насила) го направиле тоа. Влијаеле за тоа некои други околности и причини за тој да биде прогласен за лекар и ако не е тоа.

Во другиов случај, нашите источни соседи не се со намера да направат од нас Бугари сосила, силни Бугари. Авторот сакал да каже дека сакаат сосила да не направат Бугари. Ако е за фајде, доста е за ова.

Одамна не сме го чуле зборот (српски) “петља”. Ние немавме такви патишта, автопати. И кога се појавија односните крстосници, требаше да му се најде соодветно име. Тогаш сите се затрчаа кон српскиот збор “петља” со сосема мекиот изговор на мекото “љ”. Некои сфатија дека тоа не е во ред, па почнаа да ја викаат “петелка”. Покојниот Благоја Корубин го предложи неологизмот “клучка”. Тоа беше успешно решение и зборот “клучка” брзо си го најде своето место. Тоа сознание уште не стасало до скопскиот градоначалник. Тој објави дека низ Скопје ќе се граделене само една”петља”, туку повеќе.

Loading