ПРИТВОР ЗА ПЕДОФИЛ

,,Маж на возраст од 31 година се сомничи за полов напад врз дете со неполни 14 години и прикажување порнографски материјали,,.

Ова го соопшти јавното обвинителство од Прилеп, кое предложило притвор, а судот оценил оправданост за лишување од слобода.

Осомничениот, на 8 август во населбата Тризла, заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз 13-годишно дете. Тој отишол пред куќата каде што живее детето, кое седело уште со неколку деца и ја повикал да купат пиво од продавницата. Детето се согласило и заедно отишле до продавницата. На негово барање се упатиле кај околните згради и застанале во неосветлениот парк каде почнал да ја гушка и да ја трга кон себе. Девојчето за да се спаси побарало 100 денари да купи вода со ветување дека ќе се врати. Осомничениот се согласил и í дал пари, а детето побегнало кај другите деца. По кратко време таму дошол осомничениот кој повторно побарал да оди со него, но девојчето не се согласило. Осомничениот ги избркал останатите деца, седнал до детето, па на мобилниот телефон почнал да í прикажува видео записи со порнографска содржина, барајќи од неа да ги гледа снимките. Инсистирал детето да оди со него кај гаражите. Тоа не се согласило, по што продолжил да ја гушка и допира.

Јавниот обвинител побарал определување притвор, а судијата го прифати предлогот за притвор во траење од 30 дена.​

Loading