ДВЕ ДЕЦЕНИИ ПОСЛЕ КАРПАЛАК

karpalak 1

И после 20 години не бледнеат сеќавањата за десеттемина прилепски армиски резервисти кои на 8 август, 2001-та година, беа убиени на патот Скопје – Тетово, кај месноста Карпалак. Почит кон Сашо Китановски, Нане Наумовски, Марко Деспотовски, Љубе Груески, Бранко Секулоски, Дарко Велјаноски, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Ердован Шабаноски оддадоа  Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија, Министерката за Одбрана Радмила Шекеринска, делегации од Општината предводена од градоначалникот Илија Јованоски, од Генералштабот на Армијата, пратениците во Собранието, делегации од здруженијата на борците,  бранители и политички партии. Семејствата на загинатите две децении живеат со последицата од трагичниот настан, со болката и тагата кои не згаснуваат.

karpalak 2

Се одржа панихида во црквата „Св. Петка”, беа посетени вечните почивалишта на загинатите бранители, а делегации од здруженијата на бранителите ја посетија и месноста Карпалак. Централната манифестација се одвиваше пред спомен обележјето „Карпалак” во центарот на градот. 

karpalak 3

karpalak 4

karpalak 5

karpalak 6

Loading