ДИЈАГНОСТИКА СО МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА

Наскоро во болницата

-Специјализации за 26 лекари

smileska 1

Болницата се модернизира. Не ќе биде повеќе потребно граѓаните да одат по дијагностички прегледи за магнетна резонанца во Битола или Скопје или на приватни клиники, тука оваа дијагностичка најмодерна метода ќе им биде ставена на располагање в болница. Апаратот за детално снимање на сите делови од телото ќе биде ставен во функција наскоро. Во тек е тендерска постапка за обезбедување соодветна комплицирана инфраструктура за ,,машината,, по што таа ќе биде ставена на услуга на граѓаните. Паралелно, постојниот специјалитички кадар ќе се обучува да ја управува и да ја користи модерната технологија. Додека докторите не ги збогатат знаењата за ,,читање,, на снимките, снимените материјали преку интернет ќе се праќаат во Клиниките во Скопје и ќе се враќаат со стручен наод од специјалистите за радиологија.

Според директорот на Болницата, Кети Смилеска, граѓаните ќе имаат можност за дијагностицирање на најсовремена технологија што е последен здив на медицинската техника.

,,Турканици,, за вакцинација

Расте притисокот на граѓаните за вакцинирање во пунктот во медицинското училиште. Според Смилеска, зголемен е интересот, бидејќи растат бројките на заразени со Ковид 19 во земјава, што не е случај и во Прилеп. Епидемиолозите не прогнозираат некои драматични бројки за градов. Сепак, нужна е внимателност.

 Во болницата има доволно вакцини за имунизација. Граѓаните без најава за кусо време се вакцинираат. Пунктот прима граѓани до 14 часот, поради одморите, но наскоро ќе се продолжи работното време.

Инаку, мобилната болница е во функција. Засега има четири пациенти, заразени од Ковид 19. Бројките се менуваат, но не се во некои фрапантни димензии. Во Инфективното одделение се нудат здравствени услуги само на пациентите со останатите заразни болести.

Според препораките, се подготвува нов влез и различен излез за  болните во инфективното одделение за да не доаѓа до контакт меѓу пациентите.

CIMG3338

ОРЛ И МАКСИЛО ВО РАНГ НА ОДДЕЛЕНИЕ

Бидејќи недостасуваа специјалисти, одделите за уво, нос и грло и на максилофацијална хирургија беа организирани во ранг на амбуланти. Со подобрување на кадровските капацитети, овие медицински гранки се организирани како одделенија. Граѓаните не ќе имаат потреба да патуваат и да се хоспитализираат во други здравствени установи надвор од градов, туку ќе бидат третирани во болницата.

26 специјализации

Недостигот на специјалисти постепено се ублажува. Одобрени се 26 специјализации на општи лекари. Од 29 доктори по општа медицина во болницата и здравствениот дом, конкурирале 28, а спњецијализации добиле 26 лекари. На повеќегодишна надградба за специјализација и за субспецијалзиација се утврдени по еден за оториноларингологија, за психијатрија и уролошка хирургија, по двајца за неврологија, инфектологија ортопедија и општа хирургија, по тројца за педијатрија, гинекологија и радиологија и четворица на интерна медицина.

Местата на општите лекари ќе ги заземат лекарите стажанти кои ќе бидат вработени.

Наскоро се враќаат од специјализација неколку доктори.

Loading