АДВОКАТОТ ЖАРКО СТЕВАНОСКИ САКА ДА БИДЕ ГРАДОНАЧАНИК

Лансирана независна иницијатива за трка на претстојните локални избори

Dare i Zare - Ce vredi

Во стилот на прилепскиот дијалект адвокатот Жарко Стеваноски и магистерот по економија Дарко Конески ја претставија првата граѓанска иницијатива, која под слоганот ЧЕ ВРЕДИ! ќе учествува на следните локални избори со кандидат за градоначалник и советничка листа. Стеваноски ќе биде кандидат за градоначалник, а Конески за носител на листата на советници. Останатите кандидати на листата од 27 потенцијални советници се млади луѓе, кои не се припадници на ниту една политичка структура.

Стеваноски е убеден дека не ќе биде проблем да соберат 2,3 или повеќе проценти од гласачкото тело за обезбедување на квота за учество на изборите. Верува дека ќе ги освои симпатиите на граѓаните, зашто, според него, ним веќе им било смачено да бидат робови и на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ.

-Мотивите за граѓанската иницијатива ,,Че вреди,, се влечат од 30 -те години независност и ваквиот повеќепартиски систем, со кој политичкиот избор на граѓаните се сведува на избор меѓу две политички парии кои не се разликуваат во начинот на владеење и остварувањето на личните интереси. Сметаме дека граѓаните ќе ни дадат можност да покажеме дека нема да дозволиме партиските локални шерифи да ни бидат репер за успешно водење на локалната власт, да покажеме еден сосема поинаков пристап во водењето на локалната самоуправа и менаџирањето со барањата и проблемите на граѓаните – рече Стеваноски. 

Конески прогнозира дека Стеваноски ќе влезе во вториот круг на изборите за градоначалник, без разлика квалитеот на кандидатите на другите политички субјекти.

Програмата ќе ја создаваме на ФБ, според барањата на граѓаните. Ќе претставува патоказ како сакаме да го видиме Прилеп после 4 години рече Конески.

Loading