ЛУТИ КЛЕТВИ ЗА НЕВИДЕНИОТ АРАМИЈА

slika so kletvi

Една народна вели: ,,Не виден арамија, поголем од кадија,,. Токму кон невиден арамија, стопан на лозје накај Селце упатил кош навреди и тоа на импровизиран знак. На дрвена табла, закачена на столб, со црвена боја испишал: ,,Арамио, тело што го украде да дај Бог најмилото да ти го фати рако после тебе 5 години да те мачи, в кујќа утки, стаорци да ти шетаат и тотално фамилијата да ти ја сотри Бог,,.

За волја на вистината, лозјето било шпалир, уредено, конец биле насадени пенушките, оградено… Очигледно многу мака и зијан видел газдата од неканетите гости на лозовиот насад. Тоа го натерало јавно да го изрази својот бес и револт. Каков е ефектот од писмената опомена, која пак е полна и со граматички грешки, само тој си знае…

Loading