БЕНДЕМЕ МЕСО И ВКУСНА СКАРА

Месарница и скара на кило Старо Корзо

Mesarnica Staro Korzo

Месарницата и скарата на кило Старо Корзо е нов услужен објект кој постои речиси три месеци во истоимената населба, наспроти Економското училиште. Сопстевникот Стевче Алексоски (35) искуството стекнато со работа на повеќе места, го применил во сопствен бизнис. Се охрабрил, откако собрал знаење од повеќе месарници. Желбата ја носел во себе. Учел од подобрите мајстори и готвачи, за денес да има сопствен дуќан за бендеме месо и подготвува вкусна скара на ќумур која откако еднаш ќе се проба, муштериите пак се враќаат.

Mesarnica 6

– Со готвењето имам многу искуство, како и со касапскиот занает. Повеќе од десет години работев на скари и готвач по манастирите. Многу научив од готвачот Мирослав кој работеше во црквите. Има финеси и околу месото кое треба да се познава. Секое месо за готвење има различна термичка обработка.  Има тајна за подготовката и на амурот, мешавина од мелено месо за на скара. Прилеп прочуен по најдобриот амур. Да биде скарата посебна, ја прави месото и тоа само пресно месо. Ако ставаш желудници или замрзнато месо, се знае што ќе добиеш. Нема да биде ниту убаво, ниту вкусно – објаснува Стевче Алексоски, сопственик на месарницата Старо корзо.

Освен пресно месо, свинско, јунешко, телешко, и скара, подготвуваат и готвени јадења по порачка. Тави, ширдени печени, печено месо во фурна. Барани се готвените јадења најчесто во викенд. Најмалку еден ден претходно треба да се порача за да се подготви.

Mesarnica 2

Месото го набавува од македонски фарми. Користат свежо месо. Не набавува замрзнато. Цените се пристапни, дури и пониски од другите. Прават и сендвичи по порачка за вработени, секој работен ден, дури и во недела. Неделата е ден кога имаат многу работа. Се нарачува скара за излет или ручек за дома за да не се готви. Иако жештината стега, сепак гурманите и оние кои го знаат ефектот на консумацијата на протеините и важноста за органзимот, се редовни муштерии.

Работи нон-стоп. По опуштање на мерките со ковид пандемијата, на терасата планираат да постават маси и столици за да може муштериите да седнат и да каснат вкусна скара.

Mesarnica 8

ПИЛЕШКИ КОЛБАСИ ОД КОИ СЕ ЛИЖАТ ПРСТИ

Уникатни и препознатливи се по пилешките колбаси кои се мошне барани. Тој што пробал, пак се враќа. Тоа е најдобрата оценка за квалитетот и услугата.

– Кога ќе пробааат дури велат, ова не е пилешко. Изработени се од свеж стек. Муштериите од околината на Прилеп се задоволни и доаѓаат пак. Може да ги купат и подготвени на скара со ќумур – вели Алексоски. 

Располагаат и со свински колбаси со сецкано или мелено месо на јадро.

Mesarnica 11

Loading