СИТИ ТОБАКО СЕ ЛАДИ СО СОНЦЕ

fotov

Со инсталација на петкиловатни фотоволтаици за производство на струја од сонцето,односно светлината, во дуќанот во центарот на градот, фирмата Сити тобако ги задоволува дневните потреби за струја за осветлувањето, за фрижидерите, за клима уредите и за светлечките реклами. Сопственикот Кире Котески очекува сонцето да му заштеди околу сто евра месечно и трошоците за струја да му опаднат драстично.

-Вложив околу 4500 евра за да создадам пет киловати струја на час при светлина. Сé е вклучено, од фрижидерите, климите светилките… Сите потрошувачи ,,ги ранам,, со струја од сонце. Очекува да добивам помала сметка за најмалку 6000 денари. Засега навечер купувам струја од ЕВН, оти не инсталирав акумулатори. Да го видиме првин степенот на ефикасност и економичност, па ако е доволно исплатливо, ќе монтираме акумулатори да го складираме вишокот на сончева, зелена струја за користење ноќе –  вели Котески, додавајќи дека фотоволтаиците се прилепски производ.

Во светот е тренд користењето на сончевата, зелена, незагадувачка и обновлива енергија, а државните субвенционираат семејно производство на струја од сонце, дури и држвните преносни компани дневно купуваат струја од фотоволтаичните ,,централи,, на покривите од куќите.

Loading