АНКЕТА: КАКОВ ГРАДОНАЧАЛНИК МУ ТРЕБА НА ПРИЛЕП?

Финишираат мандатите на актуелните градоначалници. Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. Како што приближуваат локалните избори наесен, меѓу граѓаните поприсутна станува темата и се загрева предизборната атмосфера. Додека во партиските кулоари се ,,крчкаат,, можните кандидати за градоначалничката функција, граѓаните се потсетуваат на дадените ветувања и реализираните активности. Освен кандидатите за градоначалник, се споменуваат и имиња на оние кои сакаат да фатат место во Советот на Општината.

Кои се потребите на граѓаните? Каков да биде профилот на ,,таткото на градот”, важен ли е квалитетот на поединецот или стратегијата на политичката партија? Каков кандидат за градоначалник преферираат прилепчани? Кои се очекувањата за подобра иднина на граѓаните, како и економски и социјален развој? Кој кандидат ќе биде по мерка на народот? Каков профил на градоначалник бараат граѓаните?

Kiril DimoskiКирил Димоски: ДА БИДЕ ПОМЛАД

На Прилеп му треба градоначалник кој ќе се грижи за улиците. Се грижат додуша и сега, ама уште повеќе треба. Помлад да биде, да е активен, да може да стигне секаде и да се однесува со сите луѓе, да се познава, да има со луѓето разбирање.


 

tase cesnoski

 

 

 

 

 

 

Тасе Чесноски: ЖЕНА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

Жена! Жена и тоа од калибарот на Рада, Илинка, од тие што се. На СДСМ му треба кадар што Прилеп треба да го извади од зачмаеност. Прилеп е зачмаен заради тоа што, град како град мора денеска, Прилеп со 70 илјади жители да има два милиони евра во оптек преку ден. Ако ги нема тие, значи умира народот, градот. Мора да се направи статистика, дали гасов, дали Министерствово мора да направат за Прилеп, и за Битола, и за сите градови. Во Струмица се живее, во Прилеп не.


 

Olgica Milovanovic

Олгица Миловановиќ: ДА СЕ ИЗРАМНИМЕ СО ЕВРОПА

На Прилеп му треба градоначалник кој ќе мисли на народот. Да се направи тоа што фали, недостасува. Да се подобри, да има подобри услови. Вработување пред сé. Се да биде позитивно. Да се израмниме со Европава, да не бидеме вака заостанати. Јас мислам дека на Прилеп му треба градоначалник, не доктори како што ставаат доктори. Докторот треба да го лечи народот, а да биде од градежната струка, правна или економија. Со другите струку не е во интерес на градот.   


 

 

 

Aleksandara Kocoski

 

Александар Кочоски: ЛЕКАРОТ ТРЕБА ДА ЛЕЧИ – НЕ ДА БИДЕ ГРАДОНАЧАЛНИК

Поарен градоначалник му треба. И овој е арен, ама овој си имаше друга функција. Не требаше овој, такви градоначалници да бидат слободни, да немаат други обврски. Овој е лекар, треба да лечи луѓе, а не градоначалник. Прво треба да се вработат младите, најмногу тука оти луѓево останаа без работа бааѓи. Треба и многу други работи. Градот малку да се поддотера.


 

 

 

 

 

Boro NikoloskiБоро Николоски: МЕСТО АСФАЛТ, ЧАКАЛ!

Вработувањево е сосема, не знам како да се изразам, не слабо, не знам… За испуштање е дојдено, а не да влезат работници. Дали е до Градоначалникот, дали е општо, до цел круг што постои. Идам сега за на пазар, на улицава, одма овде покрај рекава, сретнувам наполнета дупка со чакал! Кој век сме сега да туриш чакал. Живеам кај градскиот базен. На  асфалтна улица седам, таму досега не дошол ни чистач, ни од страна банкини да се зачистат, ништо. Мислам оти и ние плаќаме исти сметки како чаршијава.


 

Angela Miceska

 

 

 

 

 

Ангела Мицеска: ГРАДИНКИ НИ ТРЕБААТ 

Градоначалник кој ќе отвора повеќе фабрики, повеќе вработувања да има за младиве. И градинки за децава. Не можам да го внесам в градинка детево мало. Градинки му требаат на градов. Во приватна градинка односно престој е 10 илјади денари, а во држвните градинки е 1500 денари месечно.


 

Karolina Mirceska

 

 

 

Каролина Мирческа: ОСЕТ ЗА ОНИЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Добар некој, што може да направи нешто. Имам девојче со посебни потреби, никој ништо и нема дадено. Живее со 4 илјади денари туѓа нега и тоа во најмала ставка ја префрлија. А не е арна. Никој се нема обратено.


 

Fatime Dzemailoska

 

 

 

 

 

 

 

Фатиме Џемаилоска: САКАМЕ АСФАЛТ

Да гледа за сиромасите, за патиштата. Да не газиме кал, да има асфалт. Да не го разликува народот, Македонци и Муслимани. Да биде еднакво. Живеам на ул. ,,Гостиварска,,. Нема асфалт. Земја газиме. Сакаме да имаме асфалт. Таксисите не доаѓаат. Мора да слезиме пешки до Сокарата. А кога си болен, пет минути што треба да се изодат, не се може. Кога си со притисок и болно срце, се гледаат како 20 минути. Не можиш да појдеш.


Tome veljanoski

 

 

Томе Велјановски: ВО ДУШАТА ДА БИДЕ ЧОВЕК

Иако не живеам во Прилеп, туку во Шведска, во Гетеборг, се интересирам за градот и околината. Меѓународен градоначалник му треба на Прилеп. Реален, а не егоист. Не е важно од која партија е, туку во душата да биде човек. Да има национален осет. Ако биде над народот, народот ќе биде незадоволен. Треба да биде ,,слуга,, на народот, за да го сакаат и градот да оди напред. Ако имало пат, селата немаше да се испуштат.

Loading