ПЕРЦАЊЕ БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ

Понеделнички

Додека вакцинацијата тече нормално во пунктот во СОУ ,,Ѓорче Петров,, понеделенички се очекува да се интензивира имунизацијата и тоа без закажување, туку само со јавување на пунктот кој дополнително ќе биде утрврден. На располагање се кинеските вакцини Синовак.

Според директорот на болницата, Кети Смилеска, во пунктот во Медицинското училиште вакцинацијата тече нормално. Се одвива и равакцинацијата со Фајзер и Астра Зенека. Се дава и втората доза на Синофарм. Се вакцинираат околу илјада граѓани дневно.

-При крај се подготовките и понеделнички ќе се отвори нов пункт за вакцинирање без закажување. Се утврдува локацијата и се подготвуваат екипите – вели Смилеска.

Таа најавува теренска вакцинација на населението во селата.

-Финишираат подготовките. Се прават проекции како најдобро да почне вакцинирањето, дали од поголемите или од помалите населени места, со колку екипи… Тимовите се веќе составени. Недостасува малку медицински персонал, бидејќи е време на годишни одмори. Плус, медицинските лица лани не користеа годишни одмори. Како и да е, идната недела тргнува теренската имунизација – најавува Смилеска.

 Инаку, последниве осум дена е регистриран само еден заболен од корона вирисот. Докторите здивнуваат. Празно е заразното одделение во болницата. Неколкуте случаи од минатите недели добиваат терапија дома, оти имаат лесна клиничка слика. Нема починати како последица на Ковид 19.

Loading