САКСОФОНИСТ „РАЗЛАДУВА“

CIMG3305На плочникот на +40C

Речиси несекојдневно е да се среќаваат улични музичари. Уште понеобично е музиката да ечи на плоштадот и тоа среда напладне на пеколот. Саксофонистот со звуците на инструментот ги ,,разладува,, прилепчани. Репертоарот го прилагодува според љубопитноста. Граѓаните кусо уживаат во сите жанрови пред споменикот на Крале Марко, добивајќи бесплатен подарок кој ја гали и ја разладува душата. Овациите за безимениот саксофонист се распрснуваа по плочникот како летот на гулабите кој на претоплото време ги презентира своите музички знаења. Урива стереотипи, приредувајќи концерт на отворено. Не важно е дали е академец и дали има музички ген. Тој е генијалец за инструментот, кој небаре пее, звучи како човечки глас.

На +40C, предизвикува среќа и ведрина кај минувачите кои за миг, подзастануваат да слушнат и го наградуваа со ситен бакшиш.

За убост и радост, треба малку! Заслужен респект!

Loading