ЈОВАНОСКИ МЕРКА ВТОР МАНДАТ

jovanoski-bitici

Градоначалникот Илија Јованоски, ќе се кандидира за втор мандат на локалните избори наесен. Според него, за кандидатурата побарал поддршката од неговата партија – СДСМ.

– Ако ја добијам поддршката од партијата, ќе барам поддршката и од нашите сограѓани да се кандидрам за нов мандат за градоначалник на Прилеп на претстојните локални избори – изјави Јованоски.

На новинарското прашање зошто ја бара поддршката, Јованоски смета дека досега е направено многу за градот и бара можност да го заврши започнатото и да понуди нови проекти.

– Направивме многу капитални проекти. Некои се недовршени и сакам тоа да го завршам. Во новата програма ќе има и многу нови проекти. На граѓаните им порачувам, доколку се задоволни од мојата работа, да ми дадат поддршка, доколку не се, нека решат на кој друг кандидат би му ја дале поддршката. За опозицијата немам што да кажам. Имаат свој план, сметаат на тоа, а граѓаните ќе кажат кому ја даваат довербата – рече Јованоски.

Задоволството од успешноста на проектите во Прилеп во минатите три ипол години го изрази и во емисијата Утрински брифинг. 

-Прилеп доби автобуси на метан, изградивме мост на градската река по 48 години, при крај е градбата на градскиот стадион, кој за еден месец ќе го ставиме во употреба, а ќе го пуштиме во употреба и спортско рекреативниот центар на вештачкото езеро. Направивме нов, современ, европски булевар. Ја почнавме градбата на детската градинка во Точила со капацитет од 260 деца, а која ќе биде готова до крајот на годината. Гордост ми е да ги најавам двата покриени базени, едниот полуолимписки, а другиот училишен – рече Јованоски.

Loading