СОУ „Ристе Ристески – Ричко“
Во СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,, за учебната 21/22 година можни се и 4 нови образовни профили, од кои 2 од четиригодишно образование за техничар за логистика во сообраќајот и графички уредник-дизајнер. Во тригодишно образование 2 за електричар и машински механичар.
Во училиштето има 2 дуални паралелки од 19/20 година, па и оваа учебна година ќе ги има по германски модел. Станува збор за образовните профили техничар за индустриска мехатроника, од електротехничка струка, и техничар за производно машинство, од машинска струка. Според наставниот план, учениците имаат практична обука во Витаминка, Гентерм и во Вик.
Во прва година ќе се запишат 322 ученици во 10 паралелки за:
Машинска струка – 93 ученици, 3 паралелки
– машински техничар за моторни возила / машинско – енергетски техничар
мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
– техничар за производно машинство /машински техничар
*(соработка со компанија ВИК ДООЕЛ Прилеп)
мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55/45 поени минимум
– автомеханичар / машински механичар
мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
Електротехничка струка – 93 ученици, 3 паралелки
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика / електротехничар за електроника и телекомуникации
мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55/50 поени минимум
– техничар за индустриска мехатроника / електротехничар – енергетичар
*(соработка со компанија ВИТАМИНКА, ГЕНТЕРМ)
мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55/45 поени минимум
– електричар / автоелектроничар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
Сообраќајна струка – 68 ученици, 2 паралелки
– техничар за транспорт и шпедиција / техничар за логистика во сообраќајот
мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум
– техничар за патен сообраќај мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум
Графичка струка – 34 ученици, 1 паралелка
– графички техничар/ графички уредник – дизајнер
мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
Спортска гимназија – 34 ученици, 1 паралелка
мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 50 поени минимум