ГИМНАЗИЈАТА ВО ТОП АМБИЕНТ НА ЕСЕН

CIMG3278

И годинава уписот на деветтоодделенците ќе биде во три термини во јуни во гимназијата ,,Мирче Ацев,,.

 Најатрактивното средно училиште Гимназијата ја избираат, особено за децата со посилни и со солидна подготовка од основното образование, а кои имаат амбиции да го продолжат школувањето по средното на факултетите. Оваа образовна институција секогаш создавала кадри кои се гордост на градот. Таа традиција е натамошна тенденција што се одржува со децении и се надградува со поквалитетени услови.

Според директорот Диме Настоски, стандардна е бројката од 200-230 ученици во прва година. На осмоодделенците им се на располагање неколку подрачја и комбинации за школување.

Првото подрачје е јазично уметничкото подрачје, со две комбинации од кои едната е претежно за филолошките науки со трет странски јазик ,плус латински. Втората комбинација е за уметноста ликовната музичката и за драмската академија. Предметите се концентрирани со овие уметнички дејности.

Второто подрачје е општествено хуманистичкото со две комбинации, од кои едната е за правни и економски науку, со изборни предмети за право, бизнис, економија…Втората комбинција е за општествените науки, за социлогија, психологија, педагогија, социјални науки…

 Третото, најатрактивното, последниве години е за природно-математичкото со две комбинации, од кое едното е за техничките науки, електро машински, градежен, архитектура, а другата можност е за медицинските науки.

Според Настоски, Гимназијата останува најпривлечно средно училиште оти е јадрото на интелигенцијата.

gimnazija-mirce-acev-prilep

-По статистиката, над 97 отсто од лекарите во Прилеп се со завршена Гимназија. Толкав е процентот на судиите, на правниците, на обвинителите… Тоа е индикаторот за избор на Гимназијата како преодна фаза во образованието, која нуди темелна поткованост со знаења, потребни за продолжување на едукативниот процес на високошколските и научните институции. Со трите подрачја се дава квалитетна основа, идните гимназијалци лесно да се определат и да ги совладуваат предизвиците, стекнувајќи нови знаења за идниот животен и професионален позив – вели Настоски.

Инаку, последниве години преземени се значајни чекори за реконструкција и обновување на објектот стар 80 години за подобрување на амбиентот за изведување на образовниот процес. Лани е сменет првпат покривот, граден пред осум децении. Во завршна фаза е тендерот за смена на дограмата, фасадата и внатрешниот дел за 450 илјади евра. Се очекува зафатот да заврши до 1 септември. Наскоро ќе се објави тендерот за градежни зафати за котларницата, за која веќе е стигната техниката, а ќе биде на гас и на нафта. Предвидена е реконструкција на водоводната и канализациската мрежа и целосно нова асфалтна покривка на училишниот двор. Инвестициите досега и оние кои ќе се реализираат се околу еден милион евра. Тоа се пари за обезбедување на адекватни услови за стекнување на знаења за идните интелектуалци. Подобрена е поддршката со информатичка технологија. Набавени се десетици десктоп компјутери, лаптопи и табели за децата од социјално загрозените семејства, а кои не можат да ја следат наставата он лајн. Тоа е подготовка за претстојната дигитализација на образованието. Така Гимназијата ќе создаде топ амбиент на есен наставата да тргне со физичко присуство на учениците и на наставниците.     

Loading