ГЕНТЕРМ ГИ ПОДНОВИ ГРАДИНКИТЕ

1

Околу 30 илјди евра во машини и ламинат подари американската компанија Гентерм на ЈУ Наша иднина. За олеснување на одржувањето на хигиената подарени се шест големи машини, од кои три за перење и три за сушење за градинките Гоце Делчев, Али Чаир и Тризла. За подобар амбиент и хигиена подарени се и 750 м2 ламинати. Подовите се монтирани во сите простории за престој на децата од предучилишна возраст и за просторите на администрацијата.

Паралелно, хортикултурно е дотеран дворот и поставена е ограда во градинката Рампо Левката. На децата им се ставени на располаге шест камиони со песок за игра во надворешниот дел според програмите за едукација и забава.

Додека родителите се на работа, во петте прилепски градинки престојуваат над 700 деца од 9 месеци до 6 години.

2

3

4

5

6

8

9

Loading