ПРОТЕСТИ НА ВМРО – ДПМНЕ

VMRO protesti

Под мотото ,,Излези за Македонија – Доста е,, ВМРО-ДПМНЕ и во Прилеп три дена организира предупредувачки протести со двочасовна блокада на крстосницата на Булеварот Гоце Делчев и Прилепски бранители. Според пратеникот Петар Ристески, протестите се должат на тоа што наводно Заев договарал декларацијата на бугарскиот парламент да влези како услов во преговорите за ЕУ.

– Ова е последица на информациите што партија ги добива од извори блиски до Брисел, но и од официјална Софија дека Зоран Заев со неговиот полтрон, преговарачот со Бугарија, Владо Бучковски, се на пат да и го зададат последниот удар на македонштината, на македонските национални интереси, идентитетот, македонскиот јазик, македонската посебност, историја, традиција и култура. Имено, најверојатно Заев, не сработувајќи ништо за овие 4 години, испокрадувајќи ја Македонија, клекнувајќи ја на колена, нема како поинаку да се задржи на власт – рече Ристески.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ упатува јасна порака до Заев дека нема да му дозволат да ги распродава македонските национални интереси.

Loading