СЕ ЧИСТИ КОРИТОТО ОД ДАБНИЧКИ КАНАЛ

cistenje kanal

Комуналците темелно го чистат отпадот од Дабнички канал. Паралелно ја чистат треви и троскот од камените зидови по каналот. После ќе се пристапи со машинско чистење и собирање на отпад и тиња од коритото, а по исцедувањето отпадот ќе се транспортира до депонијата во Алинци. Чистите камени ѕидови се третираат со средство за против плевели.

Покрај апелите за чиста животна средина, никако да престане праксата на несовесните граѓани Дабничкиот канал и речното корито да им служи за фрлање на отпад. Комуналците се надеваат дека дел од граѓаните правилно ќе го одлагаат отпадот и ќе стекнат навики да ја сакаат и чуваат животната средина.

Loading