ХРИСТИЈАНСКИ СИМБОЛ ВО ЖАБИНО МААЛО

Hristijanski  simbol

Осветен новопоставениот крст во паркот пред параклисот Св. Никола, во населбата Жабино маало. Вербата и љубовта во Бога, беше поттик за повеќе граѓани да донираат и да помогнат, паркот да се збогати со уште еден христијански симбол.

Честитајќи го празник Свети Талалеј, со желби за добро здравје, среќа и бериќет, градоначалникот Илија Јованоски ги нагласи меѓусебното почитување, хуманоста и солидарноста, како принципи врз кои се темели нашето општество.

Loading