ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (95) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Пастирите Јанкула и Крсте ги дотерале утрото овците дома ги обавестиле стопаните за нестанокот н аугичите и за нивното задремување под камењето на Садиње. Овчарите арнаутски Јанкула и Крсте имале некоја сумливост во четворицата овачи индиректни учесници за нестанокот на угичите но што се вели невиден арамија е поголем од кадија. Дошле и заптиите за испитување на постарите но ништо не откриле вон ив сумливо за нестанокот на угичите.

Некој мора да ги плати угичите ако не се откријат арамиите, штетата ќе треба да ја платат пастирите Јанкула и Крсте.

Почнало недоверба помеѓу нив двајцата се обвинувале еден со друг, дошло до полоша работа, расправија и физичка пресметка. Како што ги молзеле овците на страгата се степале со ведрата дрвени, смрекови со млеко се натуриле еден со друг. За таа нивна расправија и физичка пресметка, тепачка веста, абер дошла до реонскиот комитет во Прилеп.

Една вечер од реонското судство на комитетот од Прилеп за да се испита оваа расправија дошле во Марул Стојче Мула, Ристе Јуруко, велјан Дамјаноски Марулец преселен во Прилеп некој од Дамевци од Штавица ид р. Јанкула двајца го зеле подмишка и го носеле поред оградата на бегот Јусуф зеленпаша во Средна река за во воденицата на долниот крај на оградата за да го сослушаат за случајот со нестанокот со угичите. Јанкула го фатило страв од некакво убиство над него и само што го фатиле патчето покрај оградата од Јусуф на горниот крај Јанкула со сета сила се ослободил, рипнал преку ѕидот во оградата, почнал да бега накај дворот на бегот Јусуф зеленпаша.

Членовите на судството изненадени од реакцијата на Јанкула фрлиле неколку пиштолски истрели во воздухот како предупредување до Јанкула. Тие истрели ги слушнале агите и беговите од по кулите и тие возвратиле со пукање. Но, не знаат зошто се пука. Во самото бегање на Јанкула кога го преоѓал брегот кај Долни цуцул неколку куршуми му просвириле покрај неговата глава, тие биле случајни за Јанкула во тој момент никој не знаел каде тој се наоѓа.

Јанкула се дал во бегство ноќта помеѓу селата Канатларци и Ерековци, отишол во с. Ношпал кај неговите вујчевци Дуковци, таму се криел подолго време, се додека не се смирила ситуацијата со исчезнатите арнаутски угичи во с. Марул.

Пукањето низ Марул престанало, групата од реонското судство предводена од селскиот началник на комитетот за с. Марул Колески Стојан во помош на Дамјамјаноски Велјан, внук од прв братучед на Дамјаноски Васил се собрале во куќата од Васил која била обезбедена со скривница и ѓериз тунел кој излегувал во капинешката река во случај од секаков ненадеен случај од турските заптии и аскерот. Јанкула бил помилуван тоа што го направи со бегството го сторил од страв за неговиот живот. Се донесло одлука четирите угичи да се платат по секоја барана цена од страна на оштетените стопани. Пари да се соберат од црквите на соседните села на Марул, од Подмол, Лопатица, Бонче, Штавица, Мало Рувци, зела учество и нашата селска црква. Остатокот пари ако треба ќе надокнади Еснафскиот од Прилеп.

Од страв за ненаплаќање за угичите можно е властите ќе ги активираат канатларските убијци Исламовци Пардијовци ќе прават заседи на Ушите, Мечкоец, Слива, Скала монски преслап ќе убиваат невини христијани. За кратко време парите биле собрани и по тајни канали му биле исплатени на оштетените стопани за угичите. Исто така и Здравески Крсте бил ослободен од реонското судство.

Јанкула се вратил во родното Подмол, се главил овчар пастир кај еврејските богаташи Сабовци од Битола. Со време Јанкула се оженил, име и родно место на жената му засега не познато. Во фамилијата на Јанкула му се родите две деца Петко и Стојан. За време женидбата на внукот Новачески Јован во Марул во 1922 година не дошол вујкото Јанкула, туку братучедот Петко. Јанкула ги преживеал балканските и првата светска војна . Од тогашен ден Јанкула денес има повеќе негови потомства во Подмол и Прилеп.

Раскажале Дамјаноски Ристе, Јовчески Ристе, Јовчески Ванѓел, Јошески Петре, внук од брат на Крсте Новачески Јован внук од сестра на Јанкула од с. Марул дополниле Јанкулоски Ило внук од син на Јанкула, Мирчески Киро, Мирчески Жарко од Подмол, Танески Крсте и Стојче од с. Марул.

Орото Куцано во Марул

Историјата за орото Куцано е долговечна културна традиција. Започнала од трагичен настан, со времето си добило свој епитет, значење. Со времето се претворило во голема културна веселба во играно оро со свои посебни тактови. Ова оро не смо во нашето село туку се игра низ целата македонска териуторија и пренесено до целата земјина топка до каде има македонски народ и културни уметнички друштва. Ова оро е чисто македонско оро и не се игра кај другите балкански националности.

Од најрано време, можи од паганско доба или пак од почетокот на христијанството во зимните денови после Св. Никола до денот Водици, Богојавление Водокрст се организирале групи, друштва од машки пол наоблечени маскирани со кожувци, капи, шалови, нараквици слични како Вевчанскиот карневал за разлика од него овие групи наоружани со убиствени орудија сабји, бајонети, вили, лопати, секири  итн. со запалени факели, на себе наобесени ѕвонци, клопотарци, прапорци оделе храбро без страв во ноќно време за да направат средба со иста таква бабарска група, се тепале без мислост, се додека не падни некоја жртва од групите.

На паднатата жртва и правеле церемонии со скокање и тресење околу жртвата. Таа убиена жртва не била носена на погреб во гробиштата кај умрените луѓе, туку била погребувана со нивните церемонбии на местото каде жртвата го положила животот при средбата и борбата со спротивниот пол.    

Продолжува

Loading