ПОБЕДА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ СЕ БОРИ ЗА ОПСТАНОК!

Фудбал: Дарко Крстески, тренер на Победа

-Ако се донесат засилувања, се размислува и за Прва лига

Pobeda

 

Последното коло од Втората лига – Исток не беше значајно, бидејќи на екипата Победа никој не го загрози пласманот на 8 место, што и гарантира опстанок. На мечот дома со гевгелиски Кожуф одиграно е нерешено, 2:2. Погледите се вртат кон новото првенство, но во од е и оценката за старото.

– Поволна е оценката, штом изборивме опстанок. Не сум докрај задоволен. Бодовното салдо можеше да е поголемо. Проблеми беа: теренот на Могилата и младоста со неискуството. Поради теренот дома, не може да се развие игра. Така сме покуси за пет-шест бода. Талентираните играчи ја сфатија филозофијата и моите барања. Работевме, но се случија многу технички грешки – вели Дарко Крстески, тренерот. 

Лани имаше прекин на првенството, што значеше опстанок за Победа. Практично, пандемијата беше спасот. Се предупреди екипата да не се спасува по административен пат. По обезбедениот опстанок за ,,влакно,, пораката е тимот никогаш да не близу до дното од табелата.

– Победа ниту во Трета, ниту во Втора, ниту пак во Прва лига, не ја личи на дното. Девизата беше со кого и да играме, да одиме на победа. Амбициите се висок пласман. Значи, што беше-беше, Победа никогаш повеќе да не се бори за опстанок – вели Крстески.

Следното првенство треба да е поинакво. Стручниот штаб веќе разговарал со претседателот Емил Јанески за подигнување на квалитетот од играчкиот кадар. Промени сигурно ќе има.

– Нужни се седум-осум засилувања. Предност имаат прилепчани, повратници. По потреба, ќе дополниме со играчи отстрана. Ако сакаме да тргнеме кон врвот од табелата, мора ова да го направиме – порачува Крстески.

Табела: Брегалница 73, Тиквеш 61, Кит-Го 42, Слога и Кожуф 36, Саса 35, Осогово 29, Победа 27, Плачковица 21, Росоман 9. Брегалница е прволигаш, Тиквеш во бараж, а отпаѓаат Плачковица и Росоман.

Не сакавме без публика

Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, наместо пролетва, ќе биде пуштен наесен.

– Очекуваме да се дозволи присуство на гледачи до 30 или 50 насто од капацитетот на објектот. Публиката ни е многу потребна. Не сакавме ира без публика во пролетниот дел, но,… – појаснува Крстески.

Одмор до јули

Тренерите и фудбалерите на Победа се на одмор. Не се знае до кога. Извесно е дека одморот ќе биде до јули, кога обично почнуваат тренинзите.

– Поутврдување на датумот за старт на новото првенство, ќе закажеме прозивка. Неопходни ни се 45 дена за подготовки – вели Крстески. 

Loading