Кафе и кичен Кино

Во амбиент на модерен угостителски објект со вкусна архитектонска креација, декориран со фотографии на познати филмски актери, се најдува бар и кујната Кино на Антони и Александар Талески со партнерите Филип Јанкулоски и Васко Јорданоски. Привлечниот ентериер со апликации од филмови буди љубопитност. Се определиле на комбинирана понуда за младите од храна и кафе во популарните и тренди ланч барови. Пријатно се изненадени од прифатеноста на повозрасната категорија на посетители. Тоа им е втора фаза, надградба и проширување на бизнисот на веќе познатата кафетерија Кафе дома. Се носат со идеја до проектираат филмови во согласност со името. И персоналот е соодветен на понудата. Послугата главно е искусна во браншата преку работа на бродови или познати угостителски објекти низ светот. Дури и шанкерот е експерт за коктели. Умештвото му е стекнато во странство. Покрај него ,,прва виолина на оркестарот за храна,, на екстравагантниот објект е готвачот. Тој е мајстор на занаетот со совладани вештини во Словенија, Хрватска и Црна Гора. Умее да ги изненадува гостите со уметнички дотераните порции и атрактивни и спектакуларни додадоци, како оган и прскалки, за дополнување на атмосферата. Сé е вкусно дизајнирано. Се водело сметка за секој детал, од чашите, филџаните, чиниите, приборот до држачот за салфетки.

– После две недели работа, искуството е позитивно. Задоволни сме. Доѓаат гости и од Скопје, Битола, Кичево, Крушево. Ги задоволуваме протоколите со раздалеченост на масите и влијаеме да се избегне стравот на луѓето од ризици при пандемијата. Темата е кино. Имињата на храната е според филмовите. За да биде интересно, поврзано со тематиката. На пример, има доручек по филмот Мамурлак или Будење, Ханг овер, кој може да биде појадок, енергија за старт на денот. Нудиме уникатни коктели. Квалитетот е висок. Во Прилеп до сега џинот се служел со лимон или лимета, а оригиналот е со краставица. Први го воведуваме. Екипата е спремна и секогаш е над очекувањата на посетителите – вели Антонио.
Ги нудат најквалитетните вина на Тиквеш, Бовин и Делвина.

Оваа угостителска дејност е тренд за помладите генерации, нешто како што одамна повозрасните одеа на чорба или на десетка со кромид.
-Времињата се менуваат. Оваа гранка е во подем. Најпосетени се ланч баровите за каснување, ручање или вечера со главни јадења, бургер, пици и сите видови на месо. Во богатото мени се нетрадиционалните јадењ на италијанската и медитеранската кујна.
– Специјалност на барот се бургерите со лепчиња во боја, црвено, розе… веге бургер со зелено лепче да биде уникатно и да ги привлеклува децата. Бургерите се исклучиво од телешко месо, подготвени на оригинален начин, односно месото во средината е црвено, средно печено. Имаме италијанска, медитеранска храна, салати кои потекнуваат од Грција, како и македонски специјалитети.Предлагам карпачо бифтек салата која ја нема на друго место во градов – вели Антонио.
Луѓето кои сакаат да пробаат нешто ново и да експериментираат, вистинско место е бар и кичен Кино.
{AG}649/kino{/AG}
![]()

