ПРЕМИЕРА НА ДУОДРАМАТА ,,МЕНДО И МАЈЛО,,

Premiera na mendo i Majlo - Pepio i  Asata

,,Мендо и Мајло,, дуодрамат по текст од Мирјанка Р. Селчанец, во режија на Игор Трпчески, премиерно ќе биде изведена утревечер од 19 часот во театарот ,,Војдан Чернодрински,,. Претставата е продукција на Театарска работилница Прилеп во соработка со НУЦК ,,Марко Цепенков,,. Играат Трајче Иваноски -Пепиот и Андон Јованоски – Ашата.

-Текстот е социјална комедија за двајца повозрасни луѓе, кои се нашле во притворската келија на затворот Шутка. Мендо е обвинет за убиство на сопствената невенчана жена, која всушност починала во сон… Мајло е Ром – дрвокрадец,  обвинет за убиство на шумарот, кој несреќно загинал, откако неговата магарица Уснија, ја превртува колата со дрва под кои и самата загинува, а Мајло е тешко повреден. Во времето кога национализмот константно расте, а толерантноста опаѓа, важно е да разбереме дека колку предрасудите да се големи, на крајот потребен е човек – вели режисерот Трпчески.

Музиката е на Томе Темелкоски, за сцената и костимите е задолжена Бојана А. Трпческа, дизајнот на плакатот е на Анита Гајтаноска, а типографијата на Зоран Кардула.

Loading