ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (94) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Брачниот пар Димитрија и Петра изгледале пет деца, Јован 1903 – 1963, Божин 1905 – 1960, Невена 1913 – 1992, Таса 1915, Велјан 1923 – 1944. Место Гулабовци во надворешниот свет се познати како Новачевци, а додека во селото за постарата генерација се познати како Новачевци, а кај помладата генерација како Димитријовци.

Велјановци Новачевци и Стевановци се стари деленици и многу се поврзани со традииционални закони во врска со свадбени адети.

Димитрија голем девер на Ристе. Ванѓел мало деверче на Јован. Јован голем девер на Ванѓел, Таса една година золва на Вангелица Неда. Стеваноски Живко мало деверче на Велјаноски Благоја, Велјаноски Ванѓел голем девер на Стеваноски Живко на венецо при венчавката со втората жена Стоева Неда.

Баба Трајана кога умре Аргида Димитријоска и беше метачка дома после заминување на мртовецо од куќата. Ѓорѓија брат е кога умре дедо Јован беше пазарџија баба Јованица му беше свеќарка до шесте недели на Велјан внук од сино на дедо Јован му даваше задушница. За свадби и првичина Велјановци Новачевци и Стевановци си биле слуги крчмари за пречек на гостите. Кога умре баба Дуна Најдојца мајка Неда Ванѓелица и беше месарица. Умре Зоре од брат ми Ѕана Димитријоска беше месарица. На мајка ми Неда месарица и беше Алексојца Стеваноска, на татко ми месарица му беше Васка Гоцејца Димитријоска. Ми кажуваше дедо Ристе Новачески Јован секогаш бил во друштво за помош при шетање низ селото по куќи за верските денови Коледе и Василица. Мајка му на Јован Петра со малце маана во говорот со буквата Р ќе му речела: Листе и Јован ќе биди со коледал.

На шеста година во 1929 –та стрико ми Благоја се прелагал со поголемите деца ќе берат сливи од кај Димитријовци. Само што се качиле на сливата, стои и денес раѓа жолти сливи, ги видела баба Петра Димитрица децата изрипале, чиче Благоја не можел да слези, дошла бабата Петра, и ти Бале си овде, го слегла, му набрала едно торбе, за рака го однела дома кај нашите, ете така со Петра Јанкулоска. Чиче стално повторуваше да сум знаел дека баба Петра ќе ми даела сливи не одев да крадев.

Синот на Петра Јован повеќе беше на јанкулоскиот сој во тоа што беше ловџија не страсен сигурно дома имаше повеќе загари него што имаше отепано зајаци и еребици за време на неговиот ловџилак. Ги имаше загарите што му ги памтев нивните имиња Лиско, Алчо, Лила, Пала, Сунда итн. Со неговата чесност се градеше правилно општество.

Овие две домаќински куќи, Јанкулоската и Новаческата по втор пат се посватуваат. Женски поло д кај јанкулоската куќа се омажува во новаческата куќа. Но, вториот пат на посватувањето не се во крвно родство. Во новаческата куќа има наследство од домазет. Па према тоа вториот брачен пар не се крвна рода, само истите куќи се посватени.

Третото дете од Ристе Јанкулоски Јанкула за време во турско за неговите млади години пред 1900-та го напуштил родното с. Подмол и дошол да момокува овчар да биди кај арнаутите Салиовци заедно со Здравески Крсте доселен од Радобор во Марул.

Во еден пролетен ден при крајот на месец мај штотуку ги свртиле овците да ги пасат ноќе во близината за верскиот муслимански Рамадан му биле украдени четири овна – угичи од марулскиот синор, атар.

Овен – угич е овца од машки пол со оштетено семено плодно торбе и служи за водење на булукот овци кога е жешко, спарно времето овците се собираат во куп се крдарат. Угичите се стрижат од половината надолу под вратот стомакот – мевот до под опашката. Носи обесен клопотарец на вратот. Овчарот кога ќе ги потера скрдарените овци ќе го удри угичот со стапот, тој зоврен, загреан во волната оди прв бара ладовина, тргнува, тропа со клопотарецот и по него тргнуваат сите по него каде пастирот мисли да го тера булукот.

Оваа неприродна работа што ја прави чоевкот над животните, биковите, пастувите, прчовите и магарињата се вика виење или чукање. Додека кај свињето – нерезите, кучињата и мачките се вика скопување, во постаро време ваква работа била применувана и кај луѓето робовите. Сега медицински се вика стерилизација или кастрирање.

Ете таков стручнак мајстор за виење – чукање на добитци од машка пол на бикови, овни, прчови, коњи и магариња во нашето село беше Атанасоски Трајан Танески. Тој имаше направено дрвени клешти за таа работа, ќе го врзат добичето, ќе го потстегни со дрвените клешти над обеснатото торбе неколку пати со клештите дрвени и ќе го благослови, на здравје нека му е. Добичето неколку дена ќе осеќа болови и после си тргнува нормално како ништо да не се случило со него. Во работата на Трајан никогаш не се случило со некоја несреќа со извршената работа на добичето.

Специјалист за скопување на прасиња и нерези во нашето село Тошески Божин Јолески и тој како Трајан си ја вршеше работата, а без никаква грешка, успешно.

Една ноќ овчарите Јанкула и Крсте овците клаени за ноќно пасење ги паселе во местото Садиње под селото Марул. Почнало да врни, овчарите Јанкула и Крсте овците во куп ги собрале на источната страна во близината до ливадата на бегот Утоски Амдија и се засолнале под камените пештери од дождот и подзастанале кога се разбудиле овците ги немало  на местото и двата овчари ортаци Јанкула и Крсте се впуштиле да ги бараат овците. Овде онде, наваму натаму, ги нашле овците над Николев Кладенец на брегот Подмолски.

Одма приметиле да угичите ги немало во големиот булуг овци од двете страни. Во близината кај нивниот булук имало четворица овчари, двајца подмолци кои ги паселе овците од бегот подмолски Адем и двајца марулски овчари кои ги паселе овците од марулскиот бег Ремзија. Имињата на овчарите нема да бидат објавени од не сигурни причини. Овие овчари биле прашани за нестанокот на угичите во нивниот булук, тие му одговориле да не знаеш ништо од таа работа. Пастирите сватиле да за нестанокот на угичите од булукот да се има замешано арамиска рака, сигурно биле пратени од арамии приликата ја искористиле од нивната небудност, заспивање ги фатиле угичите и овците ги претерале поради за кратко време поминале овците долг пат и од друга страна секогаш овците во ноќно време ако се сами одат награди право, а не прекутрупа од Садиње на брегот подмолски.      

Продолжува

Loading