„РАСКАЗИ ЗА СЕЧИЈА ДУША“ – НОВА КНИГА ОД БОЖАНА ТРЕНЧЕСКА

Bozana trenceskaКраткиот расказ, како еден од најпопуларните творби во прозното творештво, го заскокоткал перото на нашата писателка Божана Тренческа, која ја издаде книгата ,,Раскази за сечија душа,,. Објавени се кратки раскази, за кои писателката Сузана Ѓорѓиевска ќе забележи дека се светот на авторката, нејзиното постоење, постоењето на Томче, лошиот човек, на Кате…

-Страниците пречекуваат со јасна, чиста, лесна и необремента мисла, приказни стркалани и по селските сокаци и по градските асфалтирани улици, шедба по сведоштва, патеписи, по длабките на секојдневието и минатото на авторката полни со незаборав… Приказните се силни и интересни. Расказите раздиплени на три четири страници, успешно ги сликаат ликовите и ја распретуваат ситуацијата, давајќи и крилја на пораката. Во збирката раскази има и љубов и болка и присуство и отсуство, и лето и зима, и празнотија и полнотија и дофатливи и недофатливи нешта – забележува Ѓорѓиевска.

Тренческа е член на Клубот на литературни творци Прилеп. Автор е на повеќе литературни дела.

Loading