ТУИ КАЈ МУЗЕЈОТ НА КОНЕСКИ

nebregovo

Хортикултурно е уреден дворот на куќата – музеј на Блаже Конески во селото Небрегово. Работници од Комуналец го уредија просторот на меморијалниот музеј, давајќи му нова светлина и пријатен изглед со нови зелени содржини. Празниот простор се искористи за умешно зелено дизајнирање на овој споменик на културата. Десетици садници од зимезелното дрво туја ќе го освежат камениот плочник на уредената дворна површина.

Loading