450 ПАКЕТИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

Донација на Витаминка

Donacija za zdravstveni rabotnici 2

Витаминка донира пакети производи за 450 здравствени работници од Инфективната клиника во Скопје, од Модуларниот Ковид центар во Штип и од Инфективното одделение од Прилеп, кои секојдневно се вклучени во борбата против Ковид-19. Во пресрет на велигденските празници секој од здравствените работници доби по пакет производи од Витаминка и пакет масло Брилијант. Донацијата е знак на поддршка и благодарност за пожртвуваноста во негата на пациентите и справувањето со пандемијата.

-Здравствените работници во инфективните клиники остануваат нашите херои. Тие се најмногу изложени на ризик од болеста и се единствените кои даваат нега на болните од Ковид-19. Освен поддршката, можеме да помогнеме со нашето одговорно и совесно однесување да се заштитиме и нив да ги поштедиме. Витаминка изразува поддршка, искажувајаќи благодарност за нивната работа и пожртвуваност – велат од компанијата.

Од почетокот на пандемијата Витаминка трипати донираше пакети со производи за медицинскиот персонал во одделенијата каде се згрижени пациенти со Ковид-19. Во повеќе наврати подари и медицински препарати и заштитни средства за инфективните одделенија.

Loading