ЧИСТЕЊЕ НА ОКОЛИНАТА НА ЕЗЕРОТО

Третата еко акција

eko akcija

Над сто прилепчани ја будат еко свеста и се приклучија на третата еко-акција, овојпат, кај вештачкото езеро, кое важи за привлечна викенд дестинација. Собрано е трипати повеќе ѓубре отколку кај Марковите Кули и кај манастирот Св. Димитрија кај селото Селце. Исчистена е околината на распаднатиот мотел, паркингот до брегот и кон таканаречениот прв залив, боровите насади и популарната вакавска ливада за излет. Поставена е и табла со предупредување за одржување на хигиената и за негување на природата.

Loading