ЦУЦУЛОСКИ НА МЕСТОТО ОД ПРИТВОРЕНИОТ СПИРКОСКИ

vd komandir Darko Cuculoski

Дарко Цуцулоски е новиот в.д. командир на Полициската станица од општа надлежност во Прилеп. Тој е назначен од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Доаѓа на чело на полицијата откако дотогашниот командир Кире Спиркоски – Чипсио беше притворен под сомнеж дека е еден од учесниците во трговија со 200 килограми марихуана, вредна над 800 илјади евра.

На последната седница на Советот, советниците ја изгласаа информацијата за безбедносната состојба во Прилеп за второто полугодие од 2020 година.

Loading