ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (90) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

За денот Спасовден во с. Мало Рувци, Петрејца Митра Јошеска одеше куварка да и биди на својата јатрва домазетица Мара Карбеска Ристејца снаа за брат на Петре Јошески негов брат Ристе Јошески.

Кај долните Павлевци Јоновци без разлика дали е селската слава Мала Богородица или пак куќната слава денот Петковден нив му се собираа многу гости затоа ставаа готвачка – куварица за домаќинките јатрвите Јованчејца Анѓа и Игнејца Грозда за да бидат слободни за во контакт со гостите за пречекување и испраќање на истите.

Едната ќе седни на женската трпеза по потреба ако стани седнува другата јатрва. Женската трпеза никогаш не била оставена без домаќинка. Додека на машката трпеза свекорот Трајан и синовите Јованче и Игне гостите секогаш беа навреме пречекани и почестени.

За нивниот пречек на гости не му беше равно ниту едно домаќинство во Марул ни богатиот Атанасоски Трајан Танески ниту едно домаќинство во Марул ни богатиот Атанасоски Трајан Танески ниту едно домаќинство во соседните села. За денот селската слава во Марул Мала Богородица за ручек кај Павлевци долните Јолевци се собираа преку сто гости. Пречекани за ручек во две групи. Во првата смена ќе ручаат младите кои се брзаа да излезат сред село и заминуваат. Потоа се припрема сервирање за ручек на втората група за ручек. Откако ќе руча и оваа група си ужива во гостинлакот после ќе излези и втората група на средселото како сеири некој фатени на орото. Гостите за ручек еднакво беа пречекани како првата, исто така и втората група.

За ваков голем пречек на гости потребни се и простории, а Павлевци тоа го имаа. Кај Павлевци покрај нивните гости доаѓаа луѓе со разни општествени функции, знаменитости, учители, матичари, полиција, шумари, полјаци, општински службеници од Тополчани воденичарите Алексо, Јоце, Божин од Канатларци и др. Овааа случка кај Павлевци беше стална за нивните слави. Кога гостите ќе си одеа на Богородица Мала кај Павлевци изледаше како моторизована единица, пешаци со велосипеди, мотори, трактори, со џипови, запрежни коли итн. Сите овие наведени табори од гости беа големи пријатели со домаќините Јованче и Игне. Такви беа нивните природни нарави, карактери.

За куќната слава денот Петковден од вечерта 26 до 27 октомври гајдата, ората и песните не стивнуваа, не прекидно се слушаа. Тука е домаќинот Јованче гајдаџијата со шуревите Алексо, Ванѓел и Ванчо Петрески бабјаците, родени браќа на Јованчевата жена Анѓа. За павлескиот домаќинлак многу беше интересно во слогата на јатрвите Јованчејца, Анѓа и Игнејца Грозда кои дваесетшест ипол години живеа во заедница, ниту лош збор не излезе од нивните усти искажано една против друга.

Кога ќе дојдеше време за вршење овчаро останува дома за работа, овчар ќе биди татко му Трајан.

Додека беа во заедница направија единаесет крштевки, три погреби, четири првичиња. Не се знаеше кај нив колку гости порезници, полиција, свештеникот биле на конак за преноќевање кај нив. Вакви гости преноќевале и во домаќинските куќи во Марул, сепак Павлевци беа ненадминати.

Во 1946 година Игне посетува шест месечен административен курс во Битола. Со тој курс Игне е избран за прв претседател на колективот во есента во 1949 година во с. Марул. После шест месеци Игне е преместен на работа во матичната служба во с. Подмол за обработување на матичните документи, дневниците за родени и умрени за четирите села Подмол, Лопатица, Бонче и Марул. Игне на таа служба остана до пролетта 1953 година до расформирање на колективот во Марул. Го зеде стапо и крлугот овчарски постана летен овчар со нивните овци до Митровден истата година. Јованче брат му надарен сточар овчар кој имаше многу канатларски и нивните овци ги мелезеше со канатларските брави.

Кај Павлевци не се знаеше колку гости од државните служби му доваѓаа на преноќевање порезници, милиција, шумари, свештеникот ид р. Овие наброени гости одседнуваа и во други домаќинства на Павлевци беа недостижни во тој поглед. Во селските домаќинства сите вакви гости беа ослужени гратис, бесплатно од страна на домаќините во селото каде гостите одседнале за преноќевање, таков е селскиот карактер.

Павлеските браќа Јованче и Игне направија физичка делба на денот Ѓурѓовден во 1965 година. Татко му Трајан се догледа кај синот Игне. Народната поговорка вели каде има слога има и Бога.

Откако застареа куварките Менка и Митра се повлекоа дома во старачки мирен живот. Нивната улога ја презеде ќерката на Менка Здравеска Атанасица Илинка Чонеска која постана нова месарица, свеќарка и готвачка. Оваа работа Илинка активно навреме ја вршеше. Селото се празнеше, Атанасица Илинка во 1984 година по умирањето на мажот и се пресели кај синот Стојан во с. Д. Оризари, битолско која почина во 2002 година.

Додека мајка и Менка почина во 1975 година во Марул исто така Митра почина во 1976 година во Марул. Нивните вечни домови се во близина еден до друг и се наоѓаат во марулските гробишта. На Менка внуците и прават посета додека Митра нема потомство, е заборавена.

Орото куцано во с. Марул

Во далечните години во 1953/54 година стариот витален осумдесетипет годишен Танески Атанасов Стојче се догледуваше кај синот Мице, а ги пасеше воловите во заедница со четиринаесетгодишната Драгица, внука од син му Недан. Стојче преку денот кога имаше слободно време и желба за работа собираше суви воловски лепешки во волнениот опрегач фута или утаре, ги носеше во нивата од синот Недан, ја гноеше, ѓубреше.

Ние воловарчињата го наоѓавме Стојанче и Драгица нивните волови во грамада на садење во дајкојца во чуките данчоврпче во смрда Николев кладенец во кладенците претежно каде што имаше поближно извори со вода. Стојче по карактер зборлест човек, добар говорник, дипломат. Танески Стојче за неговото време бил меѓу најбитните како во Марул, исто така во околните села. Располагал со пет ѕевгари волови. Собирал од 900 до 1000 вреќи од по сто кила жито, 100 илјади кила жито марулската пченица на пазарите била првокласна пченица како во прилепскиот Пазар, исто така ив о битослкиот атпазар. Ако една вреќа од 100 кила се зимери марулска пченица тежела до 120 кила долненската до 105 кила од вреќа, а додека останатите пченици ја држеле стандардната пченица една вреќа ќе тежи сто кила со вреќа.

Продолжува

Loading