МЕСТО НЕВЕСТИНСКИ ФУСТАНИ, ДЕКОРАТИВНИ ПЕРНИЧИЊА

vanceva mirjan 2Мирјана Ванчева (41), сопственик на Ателје М – Шивачки  салон за венчаници Мирјана

Една година специјализираните бутици за невестински фустани се со катанец на вратите заради пандемијата од Ковид 19 и забраната за свадби и масовни свечености и прослави. Наместо изработката на традиционалната бела невестинска руба, кај мајсторите за шиење на свечена облека владее ,,црнило,,. Нема работа. Во малкуте уште ,,живи,, салони за венчаници, никој не најавува свеченост за застанување на лудиот,, камен. Мајсторите на занаетот се приморани наместо тул, сатен, чипка да држат во рацете, да се преориентираат на разни иновации. Шивачката Мирјана Ванчева (41) од Ателје М – Шивачки салон за венчаници Мирјана, чарето го нашла во изработка на декоративни предмети, постелнина и шиење на женска облека по мерка. Со метрото околу вратот, небаре ѓердан, си ја ,,крои,, судбината, од бетар, оти реалноста е сурова која ја остави короната зад себе.

Bebesko gnezdo

– Работа за невести нема. Мора да се преориентираме на друго. Секој се снајдува како знае и умее. Вршам секаков вид шивачки услуги, шиење на модели по мерка, облека по мерка. Во меѓувреме шијам постелнини, маски и декоративни перничиња, украси за Нова година, а сега и за Велигден – објаснува Мирјана Ванчева (41) од Ателје М – Шивачки салон за венчаници Мирјана.

Угостителите со ресторани за свадби, музичарите погодени од пандемијата го кренаа гласот од затворањето. Во тешка состојба се и придружните дејности кои се прилагодуваат онака како што налага времето.

-Пандемијата се одрази многу тешко. Со преориентирањето, бизнисот трпи. Едно е да се работи маска за 50 денари, а друго венчаница за 20 илјади денари. Секоја работа има своја цена. Ако маската се изработува за половина час, а венчаницата за неколку недели, таа работа носеше и други придружни работи, изработки за невестата и заработувачката беше друга. Можевме да опстојуваме. Се рекламираме како знаеме и умееме, најчесто на социјалните мрежи. Нелојалната конкуренција не докусири. Секој кој остана без работи од дома шија. Секој со среќата по леб. Се бори. Маските на почетокот многу се бараа, а сега ги има секаде, можеби и се поскапи од другите. Работиме маски, но интересот е слаб. Издржуваме на некој начин – објаснува Ванчева.

Дополните шие постелнина, декоративни перничиња, огради за детски креветчиња, вреќи за спиење, ,,плетенки,, за бебиња, ,,гнезда,, јорганчиња и др.

Dekoracii posletlnini

– Материјалите се од 100 отсто памук, полнежот е Лио. Моделот и бојата се по желба. Секој одбира како сака. Тоа е предноста, оти е по вкус и желба на мајките, муштериите. Има бебиња, иако нема свадби – додава Ванчева.

За Велигден подготвува декоративни перничиња, украсни зајачиња во боја, други предмети кои внесуваат позитивна енергја, шаренило во домот, да се подобри атмсосферата, да се создаде амбиент на радост. Излезот го гледа во креативноста, новите идеи и верувањето дека пандемијата нема да трае уште долго. Дотогаш ќе се снаоѓа како знае и умее.

Predmeti za bebeski  krevetcinja

Шија по мерка

– Шиењето ми е природна дарба. Се усовршувам колку што можам. Работам од 2003 година. Работев во конфекција, увидов дека можам сама да го правам нештото. Почнав со кроење, шиење. Венчаниците сама ги изработувам, по мерка на невестата. Шивачки ген немам. Дома немав машина. Мајка ми имала Багат машина, но ја вратила кај баба ми, бидејќи не ја привлекувала. Од желба голема, ја зедов и почнав да шијам. Предноста на шиење по мерка е што одговара на муштеријата. Имам редовни муштерии кои кај мора да поминат со купената облека за да им направам корекции.    

Veseli zajacinja za Veligden

Loading