Околу 70 милиони денари исплати Тутунскиот комбинат за откупени 706 тони вишок на тутун по барање на државата. Според директорот Кирил Станкоски, Комбинатот излезе во пресрет на барањата на тутунопроизводителите и на интервенцијата на државата да не се остават на цедило тутунарите.
Претстои потпишување на договорите со тутунарите, кои ќе бидат кооперанти. Комбинат проектира количества и договори како лани.
-Престојат преговори и се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со здруженијата на тутунарите за да постигнеме договор од обостран интерес – вели Станкоски.