ПУНКТОВИ ЗА ОТКУП НА ВИШОКОТ НА ТУТУН

Тутунскиот комбинат ги спасува тутунарите

Tutunski kombinat ke go otkupuva  pogolemiot del od visokot tutun

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа по средбата со директорот на Тутунски комбинат, Кире Станкоски изјави дека нема да остане неоткупен ниту еден килограм тутун. Договорено е најголемиот дел од вишокот на тутун од ланската берба да го откупи Тутунскиот комбинат без да се наруши позитивниот финансиски биланс. Министерот изврши во увид во отворањето на пунктовите за откуп во прилепско.

-Во комункација сме и со останатите откупни компании да се отворат пунктовите каде има вишок. Очекуваме до крајот на следната недела да заврши откупот. За деталите и динамиката, откупните компании сами ќе одлучат – изјави Хоџа.

-Неорганизацијата на институциите доведе до овој катастрофален откуп, што го немало во последните 30 години – истакна Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Проценките се дека се неоткупени надвор од договорените количества околу 1500 тони тутун

Loading